Како златен спонзор на најголемата HR Конференција во Белград, која што се одржа на 26.2.2024 година во Crowne Plaza Hotel, во организација на Менаџмент Центар Белград (МЦБ) ја имавме можноста да го претставиме нашиот уникатен продукт Motiv8 HR Management Software пред повеќе од 500 HR професионалци од најголемите компании од регионот.
Искуството кое што го стекнавме таму е навистина значајно, особено во делот на размена на знаења и ширење на мрежата на нови пријатели и соработници. Со задоволство можеме да заклучиме дека Motiv8 ги исполнува високите критериуми и на регионалниот пазар, со својата уникатност и компактност. Дигитализацијата на HR процесите и насочувањето на HR професионалците кон креирање на подобро Employee Experience за сите вработени во компаниите, преку трансформирање на нивната улога останува еден од главните приоритети и оваа година.
Сѐ уште не ги знаете модулите, бенефициите и придобивките од користењето на Motiv8? Закажете презентација на (motiv8.semos.mk) и почнете своето време да го користите за трансформациони HR процеси.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.