Нашата цел е да го зајакнеме ставот „го можам тоа“ и никогаш да не запреме сè додека не постигнеме најдобри резултати – Драгана Ѓорѓијоска, А1 Македонија
Мојата кариера во А1 ја започнав пред една година како практикант во Контакт центарот за техничка поддршка за приватни корисници. За време на овој период ги научив клучните принципи, одлики и практики во компанијата што ме натераа и мотивираа да се вложам уште повеќе. Така, по 3 месеци веќе станав вработена во А1 на позицијата Помлад агент за техничка поддршка. Среќна сум што сум дел од компанија која го вреднува трудот и амбицијата на младите.
Јас пред практиканството во А1 Македонија и Јас потоа…
Практиканството беше само почеток. Целата работна атмосфера те мотивира да дадеш нешто повеќе, па така заедно со останатите нови колеги ја почувствувавме потребата од помошни алатки и апликации и за многу краток период развив интерна база на знаење која многу ни помогна во делот при комуникација со корисниците.
Ги сакам предизвиците, па така мојата кариера ја насочив во друг правец. Пред 3 месеци решив да продолжам во друга насока каде што сега корисниците се всушност моите колеги. Моментално сум дел од HR тимот на А1 Македонија и безусловно се вложувам и давам напори за што е можно поуспешна соработка.
Среќна сум на своето работно место кога…
Она на што најмногу се радувам е тоа што во А1 навистина се вреднува и препознава трудот, внимателно се разгледува секоја иницијатива и идеја за подобрување, а поддршката и водството од колегите кои се прави професионалци, вооедно и пријателски расположени се поттик да се постигне брз напредок за кратко време и мотивација за преземање на нови предизвици.
Порака до сите оние кои сакаат да бидат дел од А1 Приказната…
Секогаш бидете подготвени за нови предизвици. Иницирајте ги промените, надминете ги пречките, затоа што тоа ќе ви донесе нови знаења и искуства.
Постојаното надградување, тимскиот дух, унапредувањето и чувството дека придонесувате што е можно повеќе… се само дел од поволностите кој А1 ги нуди за ваш личен и професионален развој.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.