НАГРАДА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“: ИСТРАЖУВАЊЕ И УЖИВАЊЕ НА УБАВИНИТЕ НА РИМ

од 24HR

Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати, „Макпетрол“, секоја година организира традиционален турнир во мал фудбал за своите вработени, а членовите на најуспешните екипи викендов беа на наградно патување во Италија. Претставниците на тимовите од охридскиот регион, од складот Илинден (дирекција за одржување и полнилница за ТНГ), како и од вардарскиот регион, преку матичната компанија добија можност за истражување на убавините на Рим.

Традиционалниот компаниски турнир во мал фудбал, пред сè, е одлична можност да се собереме со колешките и со колегите од цела Македонија и на едно место да се дружиме и забавуваме, а дури потоа, и по малку да се натпреваруваме. Преку овој собир во хотелот „Макпетрол“ во Струга се поврзуваме меѓусебно, нешто што и не можеме често да го правиме бидејќи нашата компанија ја покрива буквално целата територија на државата. Без разлика на фудбалските вештини, турнирот ни помага да станеме уште подобри тимови, а со наградното патување можеме да споделиме прекрасно искуство и да создадеме прекрасни сеќавања од Рим – велат дел од вработените кои што беа дел од посетата на Италија.

Оваа активност е уште една потврда дека за „Макпетрол“ вработените биле и во иднина ќе бидат приоритет бидејќи со нивна помош компанијата и понатаму се наоѓа во врвот на пазарот со нафта и со нафтени деривати, но и општо, во македонската економија.

– За нас не само што е практика, туку е и искрена желба, постојано да посветуваме огромна енергија и време на одржување на односите со вработените кои што отсекогаш биле позитивни и поттикнувачки. Сите одлуки што ги носиме, а ги засегаат вработените, не се паушални, односно се основаат на редовни истражувања и на директна, отворена, комуникација. Покрај тоа што овозможуваме редовни обуки и други можности за професионален развој, веруваме и во активности кои што не се толку формални, каква што е и овој турнир во мал фудбал, бидејќи и на тој начин поврзаноста меѓу луѓето и меѓу тимовите се продлабочува – велат од „Макпетрол“.

Компанијата неодамна беше прогласен за најпосакувани работодавач меѓу нафтените компании во земјава според посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком. Организаторите на манифестацијата истакнаа дека „Макпетрол“ го заслужи првото место во својата категорија поради изразениот интерес на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во компанијата, како и врз основа на резултатите од анкетата за најдобрите работодавачи што неодамна ја спроведе овој интернет-портал.

Стабилноста на компанијата, одличните плати, долгата листа бенефити, како и можностите за професионална надградба и напредок на вработените, се главни причини поради кои „Макпетрол“ е првиот избор на лицата кои сакаат да работат во оваа дејност.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...