The Headhunter ги повикува сите баратели на работа и кандидати!

од 24HR

Дали сте подготвени да ја забрзате вашата кариера? Не чекајте повеќе – „Speed interview” е уникатна можност која ви ја нуди Headhunter, вашиот доверлив советник за кариера и вработување.

Означете ги следните термини во месец Мај, во периодот од 22 мај до 26 мај, бидејќи ве повикуваме да учествувате на нашиот прв Speed interview настан. Имајте можност да ги прикажете вашите вештини, искуства и потенцијали преку брзи разговори со нашиот тим на стручни регрутери.

Што е Speed interview?

Speed interview е динамичен настан дизајниран за да го убрза процесот на вработување, со што ви се нуди можност да добиете инфомрација за повеќе отворени работни места во кратко време. Замислете го како серија од мини-интервјуа каде можете да оставите силен впечаток и да се истакнете од останатите.

Зошто да учествувате?

Заштедете време: Бидете информирани за повеќе можности за работа на еден настан, максимизирајќи ги шансите за наоѓање на совршено работно место, каде што ке можете да ги покажете вашите вештини и амбиции.

Проширете ја вашата мрежа: Конектирајте со професионалци кои можат да ви пружат нови кариерни опции.

Усовршете ги вашите комуникациски вештини: Брзото интервју ви овозможува да вежбате и да ги усовршите техниките за интервју, што ќе ве направи посигурни и подготвени за идните можностии.

Брза повратна информација: Информации од страна на нашите регрутери за тоа како да го подобрите вашиот профил и да ги зголемите вашите шансите за успех.

Како да се придружите? Учеството е брзо и едноставно:

1. Закажете ги вашите брзи интервјуа врз основа на достапните временски термини на Calendly https://bit.ly/3ptHGF1

2. Подгответе се со истражување на компаниите на нашите клиенти и секако вашите силни страни.

Не ја пропуштајте оваа возбудлива можност да ја унапредите вашата кариера! Ги очекуваме вашите регистрации и CV.

Обезбедете го вашето место денес!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...