ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КО-ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРАВНИЦИ И АЦТ! ДОО СКОПЈЕ

од 24HR

Од 08-10 јуни во хотел Метропол, Охрид ќе се одржи традиционалната 85-та Средба на правниците во ново руво како ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА во ко-организација на Здружение на правниците на Република Северна Македонија и АЦТ! ДОО Скопје.

Предизвиците со кои се соочи светот како последица на пост-пандемиските околности, енергетската криза, инфлацијата и општата неповолна економска и политичка состојба, не ги заобиколија ниту правните професии и уште еднаш ја истакнаа потребата од континуирана едукација, вмрежување и размена на добрите примери од пракса.

Еминентни експерти за заштита на лични податоци, енергетско, кривично, граѓанско, потрошувачко и финасиско право ќе зборуваат за најактуелните правни теми во изминатиот период.

Целта на ко-организаторите е да ги соберат правните практичари на оваа конференција, да се споделат искуствата и насоките за употребна вредност на правото чинејќи ја примената на правото ефикасна, достапна и квалитетна.

Ве покануваме да бидете дел од оваа Правна конференција на која преку динамични, интерактивни сесии, со бонус работилница за заштита на личните податоци и во современ аудиовизуелен амбиент ќе имате можност да ги проследите предавањата кои ќе Ве запознаат со последните актуелности во повеќе правни области.

Покрај знаење на конференцијата учесниците имаат ретка можност да ја прошират својата мрежа на познаници со други професионалци од својата област на работа. Покрај тоа, овој тип на настани се значајни за сите практичари бидејќи обезбедуваат запознавање со сите новини и овозможуваат зголемување на професионалниот успех, како и задржување на конкурентната предност.

Инвестирајте во континуирана едукација и регистрирајте се за учество уште денес!

ПОКАНА И АГЕНДА ЗА ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...