понеделник, април 6, 2026
Почетна НовостиНЛБ Банка со големо задоволство е партнер и дел од Бизнис предизвик за средношколци 2026 – серијал хакатони за средношколци, организирани од Хајделберг Универзитет Скопје

НЛБ Банка со големо задоволство е партнер и дел од Бизнис предизвик за средношколци 2026 – серијал хакатони за средношколци, организирани од Хајделберг Универзитет Скопје

by 24HR

НЛБ Банка со големо задоволство е партнер и дел од Бизнис предизвик за средношколци 2026 – серијал хакатони за средношколци, организирани од Хајделберг Универзитет Скопје, кои се реализираат во повеќе од 10 средни училишта низ Македонија.

Во рамки на овие хакатони, средношколците работат на реални и предизвикувачки теми, меѓу кои:

🔹 креирање иновативен банкарски производ за Gen Z,
🔹 лансирање нов бренд од почеток,
🔹 решавање на реален стартап проблем.

Овие млади таленти не само што размислуваат креативно, туку и активно се подготвуваат за својата професионална иднина преку тимска работа, иновации и претприемачки дух.

Досега менториравме тимови и добивме победници од средните училишта СУГС „Никола Карев” – СкопјеСЕПУГС „Васил Антевски – Дрен” – Скопје и СОУ Гимназија „Славчо Стојменски” – Штип.

Ова е и одлична можност за средношколците да се запознаат со новиот пакет за млади на НЛБ Банка – NLB Next.

На крајот од овој инспиративен процес ќе се одржи финален хакатон, каде што ќе се натпреваруваат победниците од сите училишта – најдобрите идеи, на едно место.

Горди сме што сме дел од иницијатива која ги мотивира младите да размислуваат храбро, да создаваат и да веруваат во своите идеи.

Во прилог – дел од одличната атмосфера и енергијата што нè уверува дека иднината е во сигурни раце.

Related Posts

Leave a Comment