Колумна на Афродита Кермичиева Пановска-Кариерен советник
Добредојдовте во 2024 година! Сега кога новата година започна, многумина од нас се освежуваат со нови енергии и визии за иднината. Поставуваат цели и мислат на нови предизвици. Сакам да го споделам со вас моето размислување повразно со резолуции и моите стратегии за да не се откажете од вашите цели оваа година.
Истражувањата на компанијата Нилсен покажуваат дека само 8% од луѓето ги постигнуваат своите новогодишни резолуции. Најинтересен е податокот што најголем број се откажуваат во првите 3 недели од годината. Зошто? Една причина е дека не ги разгледуваат доволно добро своите цели. Според мене важно е да се постават реални и конкретни цели. Не само “сакам да напредувам на работа”, туку “сакам целосно искачување на кариерната скала во компанијата преку учење нови вештини и активности”.
Многу резолуции не успеваат бидејќи им недостасува смисла. Цели поставени поради општествени притисоци или минливи желби често не располагаат со емотивната врска потребна за поддршка на мотивацијата. За зголемување на веројатноста за придржување кон резолуциите, поврзете ги со одредена смисла. На пример, подобрување на вашето здравје за активно време со семејството додава значаен емотивен аспект кој може да ја поттикне вашата мотивација. Само подобрување на здравјето е премногу општа цел.
Следна причина е недостаток на војла. Таа е како мускул кој може да се исцрпи. Истражувањата во областа на неврологијата покажуваат дека самоконтролата и волјата се ограничени ресурси што се исцрпуваат со тек на времето. Земете го предвид воведувањето на навики и рутина кои ќе ја поддржуваат вашата цел, намалувајќи го напонот на вашата волја. Водењето на дневник за прогрес при постигнување на целта е одлична можност за создавање на рутина. Има многу мобилни апликации кои помагаат.
Фокусот е исто така многу важен. Обидот да се постигнат премногу цели истовремено може да биде поразителен и да доведе до губење на фокус. Концентрирањето на една или мал број на реални цели во исто време овозможува посветување на повеќе напор и поголема веројатност за успех.
Понекогаш луѓето ги поставуваат целите без разбирање на начинот за постигнување. Овој недостаток на знаење може да биде голема пречка. Решението е во барањето на образование, обука, примери или ментори кои се успешни во дадената област. Учењето од искуства на другите и добивањето на соодветна помош може да обезбеди неопходно управување и да ја големи веројатноста за успех. Мене лично многу ми помага начинот на програмирање на размислувањето. Секогаш си кажувам дека нешто сеуште не го знам или сеуште не умеам да го направам. „Сеуште„ е клучниот збор. Отвореноста за учење многу помага и не ме става пред затворена врата.
На какви цели се фокусирате оваа година? Размислете за конкретните чекори и правете постојано ревидирање на прогресот.
Ви посакувам многу успех!
За авторот:
Афродита Кермичиева Пановска
Кариерен советник
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.