сабота, декември 27, 2025
Почетна HR МаркетингОд денес сите огласи од СВИССЛИОН на KARIERA.mk

Од денес сите огласи од СВИССЛИОН на KARIERA.mk

by 24HR

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на СВИССЛИОН!

СВИССЛИОН ДОО Скопје е горд член на концернот СВИССЛИОН – ТАКОВО, кој е еден од најголемите и најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа.

Во 1998 година, ПИ СВИССЛИОН ДОО Скопје започнува со работа, прво како генерален дистрибутер, а потоа и со производствен погон како “Green field” инвестиција.

Во 2001 година, со единствена цел за постигнување на максимална продуктивност и ефективност во работата, компанијата се дели на СВИССЛИОН ДОО Скопје, со основна дејност производство на кондиторски производи и СВИССЛИОН Мак ДОО Скопје, со основна дејност продажба на големо и мало и дистрибуција на целиот асортиман на групацијата SWISSLION.

Во 2005 година СВИССЛИОН ДОО Скопје ја проширува својата дејност со нова производна линија за солено трајно пециво, а во 2006-та, станува доминантен сопственик на АД АГРОПЛОД Ресен и врши целосна ревитализација и модернизација на фабриката, со широк асортиман на познати брендови. Во 2011 СВИССЛИОН продолжи со својата развојна политика и инвестираше во нова трафостаница и нов погон за дражирани производи.

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите продукти, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активна е следната работна позиција:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВЕН ПОГОН

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Related Posts

Leave a Comment