Никогаш не се знае – еден од оние кандидати кој ќе го одбиете може одлично да одговара за една од вашите слободни работни места во иднина!
Од клучно значење е да не го прескокнете или одложите овој чекор ….или да дојдете до степен да бидете зафатени односно да го користите овој изговор, за да не ги третирате вашите кандидати со почит. На кандидатите за работа им должите навремено известувања за одбивање, без разлика во која фаза ќе биде селекцијата..
Во денешно време ,повеќе од кога било, од суштинско значење е да се биде љубезен. Еве список што можете да го користите за да ги разгледате вашите одговори и да изработите шаблони кои најдобро функционираат за вашата компанија и ќе им помогнат на вашите кандидати да се чувствуваат ценети, дури и кога се одбиени.
Најдобри практики за одбивање на апликанти
Ако можете креирајте образец за користење и редовно менувајте го за сите вашите кандидати, тоа ќе го направи секое писмо за одбивање малку полесно и малку појасно. Размислете за следните најдобри практики и креирајте нешто што функционира совршено за вас и вашиот тим.
1. Временскиот период за известување
Многу компании или менаџери сакаат да чекаат се додека не го пронајдат или ангажираат најдобриот кандидат пред да ги известат другите кандидати дека нема да продолжат понатаму. Не правете го тоа. Веднаш штом знаете дека личноста која сте ја разгледале како профил или по разговорот на интервјуто сте процениле дека не е најдобриот кандидат за вашиот тим, известете ја/го. Во зависност од тоа во кој процес сте дали по интервју или после пратената биографија , одбивањето може да биде преку е-пошта или телефон. Ако селексијата е после фазата на преглед на апликацијата ,известувањето можете да го испратите по е-пошта. Но исто така е љубезно да им дадете учтивост со телефонски повик.
2. Персонализирајте го вашето одбивање
Шаблоните даваат впечаток на автоматизација затоа оставете делови во вашите шаблони за персонализација. Споменете го името на кандидатот и потпишете ја пораката со своето име. Преземете ја сопственоста над одбивањето, наместо само да се криете зад името на вашата компанија. Ако сте разговарале со нив или тие го поминале процесот, спомнете нешто од вашиот разговор ако можете. Давањето лични податоци му помагаат на кандидатот да се чувствува нешто повеќе од колку само како бројка ,со ова можете да го ублажите ударот за обивање.
3. Напишете го кратко и фино
Никој не сака да чита роман за тоа зошто е одбиен. Наравете го вашето писмо за одбивање кратко и средено. Еден до два параграфи кои ги вклучуваат сите критични информации ќе бидат доволни. Дајте им до знаење дека нема да одат напред, дека сте го ценеле нивното време, додајте дополнителни информации што сметате дека се неопходни, а потоа продолжете понатаму. Ако тие се обратат за повеќе информации, обидете се да одговорите брзо и концизно.
4. Бидете искрени
Ако можете да бидете искрени во вашето одбивање, луѓето нема да мора да посегнат и да прашуваат зошто не одат напред. Одвојте време да разговарате со вашиот тим за човечки ресурси или луѓе за тоа што можете или што не можете да споделите во врска со конструктивните сознанија. Сепак, обидете се да понудите што повеќе информации. Тоа ќе помогне да се создаде подобар впечаток за вашата компанија кај кандидатот .Колку повеќе сознанија можете да понудите, толку повеќе имаат потенцијал нивното следно интервју да биде она што ќе успее.
Шаблони на писма за одбивање
Кога ги разложивме работите што треба да ги земете предвид и што треба да вклучите кога пишувате писмо за одбивање, еве три шаблони што треба да ги користите. Типот на одговор што го испраќате треба да биде различен во зависност во кој процес е дали после испратена биографија или после интервју.
Шаблон за известување на кандидат што се пријавил, но сè уште не стигнал до интервју:
Здраво [_____],
Ви благодариме многу што одвоивте време да аплицирате за [___] во [_____]. Навистина го цениме вашиот интерес.
Имавме шанса да ги прегледаме вашите квалификации и иако имате импресивно искуство, на крајот решивме да продолжиме со другите кандидати во овој момент.
Oстанувамe во контакт доколку дојде до промена или други можности со [_________] што може да одговара на вашата позадина.
Ви благодариме повторно за вашето време и интерес за [________] – со среќа во вашето понатамошно барање.
Благодарам,
[________]
Ако сте ги прегледале нивните биографии сте закажале телефонски повик, а потоа сте решиле дека не се соодветни, шаблонот малку се менува:
Здраво [_______],
Ви благодарам што одвоивте време да разговарате со мене и што ни дозволивте да ја разгледаме вашата биографија за позиција во [_________]. Иако имате импресивно CV [напоменете нешто што ви се допадна во разговорот], на крајот решивме да продолжиме со другите кандидати за позицијата.
Остануваме во контакт доколку нешто се промени или дојде до други можности кај нас што може да одговараат на вашиот профил ќе ве имаме во предвид.
Повторно, многу ви благодарам за вашиот интерес во [_______] и со среќа во вашето понатамошно барање.
Благодарам,
[_______]
Кога одбивате кандидат по подолго интервју или разговор, најдобра практика е да контактирате преку телефон.
Продолжете со велејќи дека го цените нивното време и енергија и дека ги имате на ум за идните улоги. Но можете и преку е-пошта со нешто како следново:
Здраво [_____],
Фала ти за одвоеното време за целиот разговор. Сакав да повторам дека сум благодарен за времето и енергијата што ги вложивте во процесот на интервју. Иако не успеа за оваа позиција, среќен сум што ве запознав и ќе ве имам на ум за идните позиции во [__________].
Ве молам известете ми дали има нешто друго за што можам да помогнам и со среќа во вашето барање работа.
Благодарам,
[__________]
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.