Паузирајте со работа и променете го светот со Social Friday!

од 24HR

Наместо за Black Friday, време е за Social Friday – глобална иницијатива која го претвора непродуктивното петочно попладне во придонес за локалната заедница!

Големите промени започнуваат на мало, локално ниво – а понекогаш, сè што е потребно за да се промени светот е да се предизвикаат старите, лоши навики и да се заменат со нови. Токму тоа го правиме преку Social Friday и сакаме да нѝ се приклучите и вие!

За само еден ден, веруваме дека вашата компанија може да постигне многу повеќе за локалната заедница. Дали сте заинтересирани?

Што е Social Friday и зошто треба да се приклучам?

Social Friday или „социјален петок“ е глобален настан кој на вас и на вашите вработени, пред сè, ви овозможува да се чувствувате добро и на забавен и корисен начин да го искористите непродуктивното петочно попладне за општествено одговорни активности. На крајот на краиштата, кој навистина сака да работи во петок?

Нашиот прв глобален настан годинава ќе биде токму на Black Friday, нудејќи алтернатива на потрошувачкото лудило во вредност од 9 милијарди долари што ја загадува животната средина преку вишокот на отпадни материи и штетни емисии на CO2.

Спротивно на тоа, Social Friday има за цел да го претвори најнепродуктивниот ден од работната недела во нешто што им користи на локалните општествени каузи и заедници, и тоа на многу забавен начин – кој рече дека мора да бидете сериозни кога го менувате светот?

За кого е Social Friday?

Сите компании, невладини и студентски организации и сите други општествени здруженија се добредојдени да му се приклучат на движењето Social Friday. Наместо да се борите со непродуктивноста која владе во петок попладне, зошто да не го искористите тоа време за да и возвратите на вашата локална заедница?

Ова не само што ќе ви помогне да ја зајакнете културата на вашата компанија преку градење на тим кој има видливо влијание, туку и ќе ви помогне да ја зголемите продуктивноста на вашиот бизнис во остатокот од работната недела.

Зошто вашата компанија да биде дел од Social Friday?

Да бидеме искрени: никој не сака да работи во петок. Наместо да бидеме врзани со синџири за нашето биро, сите попрво би правеле нешто друго и малку (или многу) позабавно.

Social Friday им овозможува на вработените да ги прескокнат досадните неделни извештаи и да направат нешто забавно што ќе има вистинско влијание врз нивната локална заедница.

Како да се вклучите?

Social Friday е новиот, социјален начин да се одбележи „црниот петок“ со претворање на овој антисоцијален настан во социјален настан предводен од заедницата.

Затоа, ве повикуваме да излезете од канцеларија овој Black Friday и да направите разлика во вашата локална заедница на забавен начин!

За да дознаете повеќе за Social Friday и да се регистрирате како компанија домаќин, кликнете овде.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...