среда, декември 31, 2025
Почетна БлагосостојбаПортугалија им забрани на компаниите да ги бараат вработените после работно време

Португалија им забрани на компаниите да ги бараат вработените после работно време

by 24HR

Властите во Португалија изгласаа нов закон за работни односи кој, меѓудругото, им забранува на менаџерите да ги контактираат вработените надвор од работното време.

Новиот закон за работни односи кој беше усвоен од страна на португалскиот Парламент по зголемувањето на бројот на луѓе кои работат од дома поради Ковид-19 носи низа правила кои го дорегулираат односот помеѓу компаниите и вработените.

Во документот со кој се предлагаат новите законски измени, објавен кон крајот на октомври, се објаснува дека вработените треба да имаат право на минимум 11 последователни часови „ноќен одмор“ за време на кој тие не треба да бидат прекинати освен ако се работи за итен случај.

Правилата, исто така, бараат од работодавците да придонесат за трошоците на вработените поврзани со работата од дома, како што се интернетот и електричната енергија.

Дополнително, од менаџерите ќе се очекува да се среќаваат со членовите на персоналот лице в лице барем еднаш на секои два месеци.

Португалската министерка за труд, солидарност и социјално осигурување, Ана Мендес Годињо, на неодамнешниот веб-самит во Лисабон изјави дека пандемијата покажала дека далечинското работење ја менува играта, давајќи им на работниците моќ да одлучат од каде сакаат да работат.

Компаниите кои нема да ги почитуваат новите правила би можеле да бидат казнети, но сепак овие законски промени нема да важат за компании со помалку од 10 вработени.

Related Posts

Leave a Comment