Постојаните инвестиции во благосостојбата на вработените е тајната на успехот на Cosmic Development

од 24HR

Во време на зголемена побарувачка на ИТ кадар на глобално ниво, компаниите се соочуваат со голем предизвик во делот на наоѓање на доволно квалитетен кадар кој што е заинтересиран за нов кариерен чекор. Промените кои настанаа во изминатите неколку години во делот на ИТ, несомнено дадоа целосно нов тек на одвивање на работите како во моментот, така и за во иднина. Сето тоа не ја одмина ниту нашата земја. Постоењето на голем број на отворени работни места, можноста за работа на далечина и прилично големиот број на компании кои влегоа на нашиот пазар доведоа до зголемена конкурентност меѓу компаниите. Неможноста да ги задоволат своите интерни потреби, како и потребите на нивните клиенти, компаниите преминаа кон изнаоѓање на нови начини и решенија како да ги задржат своите моментални вработени од една страна, но и да бидат поконкурентни и атрактивни при привлекувањето на нови вработени од друга страна.

Една од компаниите кои навремено го воочи фактот дека финансискиот дел не е повеќе единствениот битен елемент во задржувањето на постоечкиот и привлекувањето на нов кадар е канадската ИТ компанија Cosmic Development. Оваа компанија е присутна на нашите простори од 2011 година. Работи со компании и клиенти на светско ниво во компетитивен пазар. Она што е уникатно за оваа компанија е тоа што успехот е присутен во сите аспекти на нивното работење. Успешни вработени, задоволни клиенти и непрекинат раст во повеќе од една декада. На нашите простори, Cosmic Development има професионалци од различни области и тимови кои работат од неколку локации во Македонија и Србија, и кои од првиот ден на нивното вработување ја уживаат можноста да работат од далечина и со целосна флексибилност на работното време.

Во последните години, оваа компанија одлучи уште повеќе да вложува во добробитот и благосостојбата на вработените, што заеднички ќе се сложиме дека за нив се покажа како формула за успех. Покрај бенефитот на приватно здравствено осигурување за сите свои вработени, она што се издвојува во 2022 година е воведување на бенфитиот за приватно здравствено осигурување за потесните семејства на вработените. Позитивното искуство со овој бенефит врз вработените, посебно во време на пандемијата, компанијата го проширува преку нудење на истиот бенефит и за нивните потесни семејства. Дополнително на тоа пак, 2023 година ќе се издвојува за нив со воведувањето на новиот бенефит за животно осигурување. Овие два бенефити се од клучно значење со кои се укажува дека Космик Девелопмент покрај за самите вработени се грижи и за нивните најблиски.

Целокупниот пакет на привилегии не застанува тука. Дел од останатите придобивки кои компанијата им ги нуди на своите вработени се следните:

Годишен буџет за професионален раст и развој – Успехот на компанијата се темели на самите вработени и затоа му овозможува да се надоградуваат на професионален план. Секој вработен има можност за посета на разни настани од едукативен карактер, посета на обуки, научни собири како во земјата, така и во странство.

Дополнително на тоа, имаат можност да се доусовршуваат преку слушање на курсеви, академии и специјализации на различни програми и плаформи за учење.

Месечен буџет за останати бенефити во делот на спортски активности, литература и спа и велнес услуги.

На крај, уште еден аспект кој Космик Девелопмент ја издвојува од сродните компании кај нас е можноста за кареирен раст и развој на своите вработени во рамките на компанијата, и своите лојални клиенти. Инвестирањето во својот кадар и поттикнувањето на нивниот развој најдобро се отсликува преку исклучителниот пример на искачување на кариерното скалило од практикант до CTO, или примерите на нивни вработени кои стигнале до клучни позиции во странски компании, кај лојални клиенти. Повеќе за овие успешни приказни може да прочитате тука.

Се чини дека ваквиот начин на функционирање и пренасочување на политиката преку воведување на повеќе механизми кои водат кон награда на вработените е тајната за успех на оваа компанија. Како што велат, нивниот фокус е ставен на квалитет наместо на квантитет, и во изнаоѓање на начини за награда на вработените кои ќе дадат резултат на долг рок. Комбинацијата на соодветна компензација плус квалитетен пакет со дополнителни бенефити покажува дека вработените не се само движечката сила зад деловниот успех туку и главни двигатели на уникатната компаниска култура во која шанса за раст и развој имаат сите вработени.

Слободата при работа, слободата при изразување, дејствување и довербата во вработените да преземат одговорност се темел, каде фокусот се става на резултатите, а не на времето и присуството како мерило за перформансот.

Она што е сигурно во функционирањето на оваа компанија е дека ќе продолжи со исто ако не и забрзано темпо преку инвестирање во најскапоцениот дел – вработените, но и поддржувајќи разни општествени иницијативи.

Доколку сакате да работите во оваа модерна компанија фокусирана на професиналниот раст и развој на вработените и нудење бројни поволности, ве охрабруваме да ги следите и да ги проверите нивните отворени позиции.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...