На 24.06.2022 во просториите на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН беше потпишан меморандум од страна на ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и генералениот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска.
Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.
Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.
Формата на долгорочната соработка меѓу Американскиот Универзитет на Европа-ФОН ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.
Дополнително за сите студенти на универзитетот ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се корисни за секој студент, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот.
КАРИЕРА.мк со ентузијазам од денес ги вклучува студенитеите на овој универзитет во своите активности во иднина.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.