Предавања и работа на практични предизвици и решенија-Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам

од 24HR

KARIERA.mk организира настан на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг експерти и ентузијасти, претприемачи и љубопитни поединци кои сакаат да слушнат нови идеи и практични решенија за совршениот брендинг за една компанија!

Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам, професионалец со долгогодишно искуство во маркетинг светот која во своето портфолио брои одлични проекти и кампањи за Reebook и Adidas. Работилницата ќе содржи предавања и работа на практични предизвици и решенија како да стигнете до совршен брендинг, како и совети за она што функционира или пак не функционира во овој модерен и брз свет.

Агендата за настанот вклучува две сесии со интересни теми и пауза за вмрежување, каде учесниците на настанот ќе имаат шанса да се дружат и да разменуваат контакти и мислења на темата.

Early Bird влезниците со повластена цена од 2990ден се пуштени во продажба до 17.3.2023 и можете да ги набавите ТУКА

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...