Преостануваат уште 3 дена до DisruptHR Skopje 2.0!

од 24HR

Мало потсетување за сите HR менаџери, HR ентузијасти и вљубеници во бунтовните идеи коишто имаат желба да чујат и научат нешто ново дека има само уште 3 дена до вториот DisruptHR Skopje настан, кој ќе се одржи на 30 мај 2024 (четврток), во Едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 18:00 часот.


Имате сѐ уште шанса да набавите билети на следниов линк: https://bileti.mk/e/disrupthr.

Покрај главниот поддржувач Brainster, годинава настанот е спонзориран и од компаниите:Culturetec, HASELT, LeanSEM и FitKit, а главен медиумски покровител, како и на претходниот DisruptHR Skopje настан, е 24hr.mk.


Говорниците во склоп со духот на настанот, доаѓаат од најразлични позадини и позиции и на гостите ќе им ја понудат својата поинаква перспектива за HR, технологијата, бизнисот и работата воопшто во говори што ќе траат само 5 минути.


Годинава говорници на настанот се: Љубинка Такашманов, Ана Салтирова Давидовски,Дејан Маџоски, Рената Гошевска, Емилија Рибарска, Викторија Дранговска, Дејан Ваневски,Тамара Димитрова, Анита Јанчевска, Ивана Кочманова Зивковска, Ирена Јакимова, Ивана Фрост Гашева, Александар Кочовски и Мила Величковска.
Дали и вие со нетрпение го очекувате настанот?

Придружете ни се и се гледаме во четврток!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...