Интервју со Ана Умерова, Менаџер за човечки ресурси во ТАВ Македонија, со повеќе од 20-годишно искуство во областа на стратегиско управување со човечки ресурси, талент менаџмент, развој и задржување на вработени, дигитална трансформација во HR, како и развој на врвен менаџмент.
Прво нешто што ќе забележите кога зборувате со луѓе што работат во авијација е љубовта и пасијата со која што зборуваат за индустријата и за својата работа. Тоа не е само обична работа, туку професија која носи гордост, посветеност и идентификација со фелата.
Воздухопловството ги поврзува луѓето, културите и бизнисите низ секој континент. Создава економски раст, ја олеснува меѓународната трговија и го промовира туризмот. Авијацијата е многу привлечна и возбудлива област која бара континуирано учење, усовршување на знаењето, специфични вештини и посветеност кон следење на правилата со цел овозможување безбедно и пријатно искуство за патниците. Авијацијата е индустрија која никогаш не спие.
Токму поради ова разговаравме со Ана Умерова, Менаџерот за човечки ресурси на ТАВ Македонија, аеродромскиот оперстор во Македонија за тоа што е потребно да за да се работи на аеродромот и кои се предизвиците со кои се соочуваат пост Ковид со цел задржување на вработените.
1. Како би ја споредила оваа индустрија со останатите на пазарот?
Авијацијата е нешто посебно и уникатно, асоцира на патување, нови дестинации и возбудата од летањето над облаците. Неспоредлива е. Ние, како дел од ТАВ Аеродоми, оперираме на 15 аеродроми во 8 земји, од кои со двата аеродроми во Македонија. Луѓето кои работат во оваа индустрија имаат огромна пасија, ентузијазам и љубов кон индустријата. Претходно работев во друга индустрија, телекомуникации, која исто така е многу привлечна и иновациски напредна и најголемата разлика која ја забележав беше тоа што оваа индустрија е многу строго регулирана бидејќи човечки животи се во прашање, слично како во медицната и фармацијата. Безбедноста е на прво место и сите работиме кон таа цел, од прв до последен во компанијата.
2. Како се справивте со силниот удар на Ковид 19 на вашата индустрија?
Кога кризата COVID-19 го погоди воздушниот транспорт, целата авијациска индустрија беше погодена. Нашиот сектор беше еден од трите најпогодени. Најголема пречка за авионските патувања, не беше промената во однесувањето на патниците, туку ограничувањата за патување со авион кои ни беа наметнати како аеродроми поради КОВИД-19.
Македонските аеродроми се соочија со особено ригорозни барања за најразлични документи за патување во земјите на ЕУ, каде што е сконцентриран над 75% од македоскиот авиосообраќај. Како што се креваа бариерите за патување за имателите на македонски пасоши поврзани со ковид-19, така почна и закрепнувањето на воздушниот сообраќај во вториот квартал од 2022 година.
Оваа 2023 година е година на целосно закрепнување на македонскиот авиосообраќај. Статистиката покажува дека врвот го имавме во 2019 година со речиси 2,7 милиони патници, потоа несреќниот остар пад поради здравствената криза и ограничувањата за патување, а сега во 2023 година, кога до средината на декември надминавме 3 милиони патници на двата аеродроми можеме да кажеме дека повторно се враќаме назад и успеавме дури и да ја надминеме 2019 година со 20%.
Навистина умешно се справивме преку целиот овој тежок период, со добра организација и стратешки чекори во работењето, со помош на нашата матична компанија – групацијата ТАВ Аеродроми. Аеродромите се трудоинтензивна дејност и оттука се погриживме да ги зачуваме сите вработени и за разлика од големите светски аеродроми многу брзо и флексибилно се вративме на истото динамично темпо штом ни се вратија зголемените аеродромски операции.
3. Која е улогата на одделот за ЧР во вашата компанија?
Ние сме тука за нашите колеги и за менаџментот кој ја води компанијата. Мисијата на одделот за ЧР е секојдневно се повеќе да соработува директно со бизнисот и колегите и да биде нивен партнер кој им помага успешно да ги навигираат процесите поврзани со луѓето. Едноствавно, од една страна имаме многу стратешка, но и многу практична улога во компанијата. Целосно поветени кон луѓето, од креирање на стратегијата за ЧР до воведување на нови и подри процеси, како и разрешување на секојдневните проблеми и предизвици на колегите.
Пост ковид ерата бара од нас да бидеме проактивни во имплементација на иницијативи и програми кои ги ставаат луѓето во центарот. Може да се пофалиме бидејќи 2023 год. иако имаше многу предизвици, забележавме и многу успеси и може да бидеме задоволни поради имплементирање на низа активности, како на примери, инцијативни за подобрување на условите за работа на вработените, зголемување на можностите за интерен кариерен пат и промоции, можности за учење и градење на вештините преку безброј обуки и коулинг, истражување на задоволството на вработените со акционен план на активности за подбрување, воведување на нова програма за признание на вработените „Play it Forward”, како и нова програма за бенефиции и онбординг на вработените.
И не застануваме тука, 2024 год. ќе продолжиме да работиме и воведуваме новини.
4. Кои се предизвиците со кои се соочувате?
Ова е многу интересно и предизвикувачко време да работите ЧР. Тоа што важело пред 10-ина години, па дури и пред 5 години целосно е променето. Сега вработените се главни и најважни за успехот на компанијата. Во нашата индустрија потребни се многу години, учење и искуство за да станеш експерт во дејноста затоа задржувањето на вработените ни е пририритет број 1. Големите предизици ни оставаат простор за да бидеме креативни и да бараме нови решенија за потребите на бизнисот. Како ЧР професионалци мораме да бидеме “front-runners” во организацијата за воведување промени и учење.
5. Што би им препорачале на потенцијалните кандидати кои би биле заинтересирани за работа во ТАВ Македонија?
Ние сме уникатни, оваа индустрија е уникатна и искуството за вработените што го нудиме е уникатно. Има посебна магија да работите на аеродром која не може да ја најдете во нинту една друга компанија.
Ако имате пасија за учење нови работи, сакате да работите со предизвици и да воведувате промени во средината… тогаш ве очекуваме да станете дел од нашиот ТАВ Македонија тим.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.