Родителството во деловниот свет

од 24HR

Разликата којашто прави разлика е кога за вработените се грижиш целосно. Во овој контекст под целосно мислам и на вклучување на другите улоги коишто ги имаат вработените надвор од работата. Една од најважната улоги која што едно возрасно лице може да ја има а за која што нема формално образование, ниту пак се бара диплома како би можел човек да се впушти во таа авантура е улогата на родител. Од друга страна живееме во време во кое рамнотежата помеѓу work-life баланс или можеби life-work баланс во организациите е на високо ниво и многу компании со проактивен пристап ги препознаваат и предавањата за родителство како еден од чекорите за посреќни и попродуктивни вработени.

Од друга страна едукацијата на вработените на тема родителство секако несомнено носи придобивки и за компанијата, некои индиректни, а некои и директни:

  • Подобар life-work баланс.
  • Намалување на стресот, зголемување на среќата што е значаен индикатор за зголемена ангажираност, лојалност, продуктивност.
  • Развивање на вештини кои може да се аплицираат и на работа.
  • Потенцијално влијае и на организациската култура

Среќна сум што можам да кажам дека тоа е случај и во наши компании, вакви предавања минатиот месец во месецот на менталното здравје одржав во Титан Цементарница Усје и Marand Consultants, секако истите не се резервирани само во овој месец.

Работам 20+ години од кои 18+ во HR и развој на вработени и она што го имам согледано како HR професионалец од една страна и родител од друга страна е дека ние родителите можеме подобро да си ја напишеме домашната и да ги поддржиме децата на патот кон нивно осамостојување а потоа и придонес во окружувањето каде ќе делуваат. Не знаеме што ќе донесе новото време и не можеме со сигурност да ги насочиме за правецот зошто работите многу динамично се менуваат, но сигурна сум дека прво позитивниот пристап кон промената и второ размислување со став #КакоМоже ќе им ја зголеми веројатноста за успех како во животот така и во кариерата. Согласно ова мое согледување ја покренав Кампањата @LicenIZBOR и во последните 5 години активно работам на креирање на материјали за личен развој, поддршка на родителите и материјали за деца.

Сите за себе и за децата посакуваме успех, со вас сакам да споделам како проучувањето на успехот ме наведе на два предчекори пред изборот на стратегија за успех што често се занемаруваат. Тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегијата за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана интерактивната книга #Благодарам, е-книгата 50+ идеи за негување на ставот #Благодарам, играта #Благодарам, картите #Благодарам, #Благодарам-картичките, а како одговор на вториот чекор работам на третата книга, а играта и картите #КакоМоже веќе се тука. Дел од тие материјали се слободни побарајте ги и поклоните си квалитетно време во своето семејство или поклонете им квалитетно време на вашите вработени во нивните семејства, детали за истите можете да најдете на https://linktr.ee/licenizbor, а некои од материјалите се достапни и на апликацијата https://www.boksy.app/mk.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...