СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА НА 24HR.MK:ХРИСТИНА ВЕЛКОВСКА, ОСНОВАЧ, ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА ВИТА ИНСТИТУТ И ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА МАСЕХ

од 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Христина Велковска, основач, генерален менаџер на Вита институт и претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАСЕХ).

 Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?

Ако би била Дедо Мраз, мојот „подарок“ оваа година би бил македонските компании да бидат извонредна средина за работа и живот во која секој вработен се чувствува вреднуван, мотивиран и исполнет – место каде што работата и животот се во хармонија. Ова подразбира компании кои се насочени кон разбирање на потребите на своите вработени, креирање здрава организациска култура и охрабрување на отворена и конструктивна комуникација.

Оваа визија и аспирација е токму тоа што ја инспирира Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАСЕХ), која ја водам со голема страст. МАСЕХ и Вита Институт се посветени на создавање стандарди и програми за подобрување и развој, како што е националната Програма за сертификација на македонските компании „Одлично место за работа и живот“. Со помош на алатката Quintaum, ја поддржуваме трансформацијата на организациите и им помагаме да го разберат и подобрат искуството на вработените.

Со огромна чест, веќе на 22 јануари ќе го организираме настанот „Македонските компании – одлично место за работа и живот“, каде што ќе ги споделиме искуствата и ќе ги охрабриме компаниите да станат лидери во оваа област.

Ова е мојата „празнична желба“ – сите македонски компании да се стремат да бидат места кои инспирираат и создаваат подобра иднина за сите нас.

Македонските компании да бидат толку извонредни што ќе ја прошират и својата општествено одговорна дејност и заедно ќе го подигнеме квалитетот на живот во нашата земјата, до толку што ќе ги привлечеме да се вратат сите иселени умови, таленти, наши сакани раселени по светот, и сите заедно ќе направиме една високо продуктивна економија, и многу содржини за убав и исполнет живот!

За крај само ќе се потсетам дека Божиќ исполнува желби, и секоја желба и сон со добар план можат да станат реалност!!🎄💫🎉🎉🎉🎉

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...