СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА НА 24HR.MK:ПОЛИКАРП АРСЕНОВСКИ, ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА ТРИВИТИ

од 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Поликарп Арсеновски, сопственик на Тривити и го прашавме:

 Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?

Кога би бил Дедо Мраз, би донел…

Повеќе можности за сите. Би создал свет каде секоја личност ќе го најде вистинското работно место, каде талентот и трудот ќе  бидат ценети и наградени.

Повеќе разбирање и емпатија. Би донел повеќе емпатија во професионалниот свет, каде менаџерите ги разбираат потребите на своите тимови, а вработените се чувствуваат ценети и поддржани.

Повеќе професионален развој. Би донел нови знаења, обуки и инспирација, за секој да го достигне својот потенцијал.

Повеќе успех преку заедништво. Работни средини исполнети со тимски дух, поддршка и позитивна енергија и без его трип.

Оваа година, нека најважниот подарок биде можност за подобра иднина – за луѓето, компаниите и заедниците! 🎁

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...