Ангажирањето менаџер е процес кој може да е биде потежок и подолг поради обемот на самото работно место. Успешното ангажирање на менаџери е секогаш фантастичен начин да ја придвижите вашата компанија напред.
Врз основа на потребите на вашата компанија, можеби ќе треба да барате специфична експертиза кога ангажирате менаџер. Но, еве неколку универзални особини што треба да се бараат:
- Образование за бизнис, лидерство или поврзана област
- Неколку години работно искуство на лидерска позиција
- Сертификат или обука за управување и мотивирање на другите
- Одлична комуникација, преговарање, убедување и интерперсонални вештини
Додека се подготвувате да вработите менаџер, размислете за вештините, особините и способностите што им се потребни за да успеат во вашата компанија.Работното искуство на кандидатот е од исклучителна важност за оваа работна позиција,сретнувањето со многу ситуации и наоѓање начини како да се справат со ситуацијата ,дава јасна слика за менаџерот кој исто времено управува и со проблемот кој треба да се реши и со вработените кој се вклучени во проблемот.
Прочитајте повеќе за:6 универзални вештини на менаџерите
Ангажирањето менаџер е процес. Пред да започнете со регрутирање за менаџер, мора да го финализирате описот на работната позицијата. За да им се даде на потенцијалните апликанти јасна слика за тоа што подразбира улогата, описот на работното место треба да содржи детален приказ на одговорностите на менаџерот. Исто така, треба да ги наведе барањата за образование, искуство и вештини за работата.Издвојте ја вашата позиција и користете клучни зборови како менаџер, менаџмент и претпоставен во описот на работното место.
Интерен оглас исто така е многу добра одлука, тој нема да треба да поминете низ процесот на регрутирање бидејки веќе бил долго врме дел од вашата компанија. Вработување на менаџер преку интерен оглас може да биде ефективен и исплатлив начин за пополнување на вашата отворена менаџерска позиција бидејќи:
- Вработениот веќе ја познава организацијата и другите членови на тимот
- Ги знаете вештините и способностите на вработениот – вклучувајќи ја и нивната способност да води
- Можете да заштедите пари – и за трошоците за регрутирање и за платата на работниците (надворешните вработувања генерално бараат повисоки плати)
- Интерно вработување го зајакнува моралот на вработените
Никогаш не заборавајте дека ангажирањето менаџер е многу посериозна работа од ангажирањето друг вработен. Ова е причината зошто на првичното интервју треба да поставувате продорни, конкретни прашања. Треба да поставувате прашања на кои ви требаат одговори во вашиот сопствен бизнис за да видите дали она што сте го научиле за вашата област е во согласност со знаењето што кандидатот тврди дека го има. Размислете за некои ситуации кои може да се појават во следните пет до шест месеци и поставете му на кандидатот многу конкретни прашања за тоа како би се погрижил за тој проблем. Ќе имате навистина голем увид за вашиот сопствен бизнис и истовремено ќе ги оценувате кандидатите.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.