Дали да вработите поранешен вработен?!

од 24HR

Луѓето имаат безброј причини да ги напуштат своите работни места: можност за напредување, поголема плата, флексибилно работно време, службени патувања, поголема флексибилност или едноставно, попривлечно работно место. Но доколку новата работата не била онаква каква што се надевале тие ќе посакаат да се вратат кај поранешениот работодавец.

Обидете се да не дозволите вашите стари чувства на гнев да ве спречат повторно да вработите некој што би можел да се врати во вашата организација (нормално во зависност за каков кадар станува збор).Но во време во кое живееме нормано е да има скокови во различни фирми,не треба тоа да го гледате со гнев и со песимизам.Баш напротив има предности во тоа,добивате вработени кои знаат како работите, ја разбираат вашата култура и бараат многу малку обука. Освен тоа, тие поранешни вработени можеби се враќаат со нови вештини и искуства од кои вашата компанија може да има корист.

Разговарајте со поранешниот вработен

Откако ќе ги обезбедите сите достапни делови за вработениот и за последното негово искуство, разговарајте лице в лице со поранешниот вработен, по можност пред тој да започне со формалниот процес на аплицирање. Целта на вашиот состанок е да разговарате за политиката за повторно вработување на компанијата,кажете му дека ќе ја разгледате неговата апликација меѓу другите квалификувани апликации и дека сакате да ја добиете неговата верзија за настаните што доведоа до негово раскинување и во вашата компани и кој се причините за незадоводзтвото од сегашната компанија.Дознајте повеќе за тоа зошто сака повторно да работи во вашата компанија.

Прашајте го поранешниот вработен дали можете да верувате во неговата моментална одлука.Како професионалец на сектор за човечки ресурси или менаџер искористете ја вашата емоционална интелегенција за препознавање на чувствата поврзете се со вработениот.  

Испитајте ги проценките за неговата работата, дисциплинските и записите за присуство, пофалбите, оценките од колегите и раководителот.Ако тоа е во ред тогаш немата причина да се двоумите.Прифатете го старо-новиот вработен со големо добродејде!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...