Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИЈА И БЕНЕФИЦИИ
Работни задачи и обврски:
- Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци
- Врши подготовка, евиденција и ажурирање на целокупната персонална евиденција (физички и софтверски),
- Води евиденција за боледувањата на вработените и врши поднесување на документи за боледувања на вработени до Фондот за здравствено осигурување
- Спроведува активности поврзани со Осигурување на вработените при работа
- Врши пријава и одјава на вработените во Агенцијата за вработување
- Подготвува договори за вработување, анекси кон договори и останати административни обврски
- Организира санитарни и систематски прегледи за вработените
Потребни способности и компетенции:
- Работно искуство минимум 2 години
- Образование ВСС
- Познавање на MS Office пакетот
- Познавање на Законот и регулативите за работни односи
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот со доставуање на биографијата (CV) електронски на vrabotuvanje@maliqigroup.com со назнака за ,,Специјалист за компензација и бенефиции”
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.