среда, јануари 7, 2026
Почетна НовостиСтудентите од Универзитетот Американ Колеџ во Скопје на предавање за Employer Branding во Teleperformance

Студентите од Универзитетот Американ Колеџ во Скопје на предавање за Employer Branding во Teleperformance

by 24HR

Триесетина студенти од катедрата за менаџмент и менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје имаа можност да слушнат за најновите трендови од областа на Employer Branding кои ги применува Teleperformance во Македонија.

Настанот се одржа во просториите на компанијата, а предавач беше Надица Ставрова која од улогата на HR Бизнис Партнер веќе 2 години применува најразлични методологии и техники за градење на имиџот на Teleperformance како посакуван работодавач со цел привлекување на што е можно повеќе кандидати да и се приклучат на компанијата.
Студентите, освен да дознаат повеќе за начинот на градење на Employer Brand во Teleperformance, имаа можност и да се запознаат со условите за работа, канцелариите и бенефитите кои компанијата ги нуди на своите 400+ вработени во Македонија.

“Градењето на силен имиџ за компанијата како работодавач е процес кој мора да дојде од внатре. Сите активности во Teleperformance кои се насочени кон градење на нашиот Employer Brand се поддржани и од нашите вработени кои со своите уникатни искуства се еден вид на амбасадори на компанијата пред другите потенцијални кандидати за вработување. Токму затоа сме и најдобро место за познавачите на германскиот јазик во нашата земја“, изјави Надица Ставрова за порталот 24HR.

Инаку, Teleperformance е единствената компанија во Македонија која неодамна се здоби со меѓународниот сертификат Great Place To Work® кои го добиваат компании што исполнуваат одредени критериуми во однос на работното место.

Related Posts

Leave a Comment