Unilever ќе ја тестира 4-дневната работна недела

од 24HR

Unilever – една од најголемите глобални компании за производи за широка потрошувачка ќе спроведе едногодишен експеримент воведувајќи четиридневна работна недела во Нов Зеланд.

Microsoft, Shake Shack, Perpetual Guardian… листата на компании кои експериментираа со четиридневната работна недела од денес е побогата за уште една компанија, а тоа е Unilever која одлучи да започне едногодишно испитување на оваа практика во Нов Зеланд.

Компанијата којашто стои позади брендовите Dove и Hellmann’s од следната недела ќе започне на своите вработени во Нов Зеланд да им исплаќа пет дена неделно, додека тие ќе работат само четири. Во тамошната компанија има 81 вработен.

По 12 месеци, Unilever вели дека ќе ги разгледа ефектите од експериментот и врз база на тоа ќе се донесе одлука за останатите 155.000 вработени ширум светот.

„Имам колеги од целиот свет кои ми велат да бидеме внимателни со оваа работа затоа што и тие сакаат да го искусат тоа некое време во иднината“, вели Ник Бангс – директор на Unilever во Нов Зеланд.

Потегот на Unilever е меѓу најамбициозните напори досега за тестирање на практиката за која поборниците велат дека ги прави вработените посреќни, поздрави и попродуктивни.

Одличен пример за тоа беше Microsoft во Јапонија која дојде до сознание дека четиридневната работна недела ја зголемува продуктивноста на вработените за 40 проценти.

Па, дали е време за пократко работно време? Ќе знаеме за 12 месеци откако ќе ги погледнеме резултатите од експериментот на Unilever.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...