Со големо задоволство ве покануваме на Vl lnternational Controlling Conference, организирана од Контролинг Бизнис Центар, кор ке се одржи:
16 април 2026
DoubleTree by Hilton
Оваа година конференцијата се одржува под темата:
AI meets Controlling — Leading with lnsight in the Era of Transformation”
Во време кога деловното опкружување се менува побрзо од кога било, организациите се соочуваат со потреба да носат побрзи, попрецизни и стратешки информирани одлуки. Токму затоа контролингот денес има многу поширока улога — од традиционално финансиско известување до стратешки партнер во управувањето со бизнисот.
Развојот на вештачката интелигенција, напредната аналитика и деловната интелигенција отвора нови можности за компаниите да ги користат податоците како основа за подобро планирање, управување со перформансите и оптимизација на ресурсите. Контролингот станува функција кор ги поврзува финансиите, стратегијата, технологијата и лидерството, создавајКи вредни увиди за управувањето со организацијата.
Конференцијата ќе се фокусира на тоа како современите технологии и аналитички алатки го трансформираат контролингот и управувањето со перформансите, како и на улогата на data-driven пристапот во донесувањето деловни одлуки.
Преку предавања, практични примери и дискусии, учесниците Ке имаат можност да слушнат искуства од водечки експерти и бизнис лидери за тоа како компаниите можат да р подобрат ефикасноста, да ги оптимизираат ресурсите и да создадат поголема деловна вредност.
Конференцијата ќе обедини контролери, финансиски директори, менаџери, консултанти и бизнис лидери од различни индустрии и професии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики во областа на контролингот и современото деловно управување.
АИ meets Controlling — Leading with lnsight in the Era of Transformation
Клучни теми на конференцијата:
- Al во контролинг и финансии — како вештачката интелигенција го трансформира начинот на анализа на податоци, прогнозирање и донесување деловни одлуки.
Excel во новата ера на автоматизација — современи пристапи и алатки кои го прошируваат потенцијалот на Excel во анализата на податоци и автоматизацијата на финансиските процеси.
- ChatGPT и Copilot како алатки за аналитика и поддршка во одлучување практична примена на А! алатки за побрза анализа, подготовка на извештаи и поддршка во стратешкото одлучување.
- Улогата на CFO во дигиталната трансформација — како финансиските директори стануваат двигатели на дигиталната трансформација и стратешки партнери во бизнисот.
Трансформација на организацијата и контролинг функцијата
— еволуцијата на контролингот од традиционална финансиска функција во клучен партнер во управувањето со перформансите и стратегијата.
- Панел дискусија – POWERED by lsos
Во рамки на конференцијата ќе се одржи и панел дискусија на тема: ”Leading the Transformation: Strategy, Sustainability and the Future of Business”.

На панелот ќе учествуваат еминентни говорници и бизнис лидери кои ќе дискутираат за предизвиците и можностите поврзани со бизнис трансформацијата, одржливиот развој, улогата на лидерството и стратегиското управување во современите организации. Панел дискусијата Ке понуди практични перспективи за тоа како компаниите можат да се адаптираат на динамичните промени и да создадат долгорочна вредност преку иновации, одговорно управување и data-driven пристап.