Со својата нова канцеларија во центарот на Скопје, Webhelp North Macedonia станува дел од глобалната Webhelp заедница, која брои преку 200 локации во 60 земји низ светот и има преку 120.000 вработени.
Во рок од една година Webhelp успешно се позиционираше на македонскиот пазар и изгради тим од околу 150 професионалци, кои работат за неколку добро познати брендови. Со почетокот на оваа година, нивната листа на клиенти се збогати со уште еден гигантски бренд како Vodafone, и продолжуваат да растат и понатаму.
Успехот на Webhelp во нашиот регион се должи на тесната соработка, тренинзи и логистика која ја добива од интернационални експерти со долгогодишно искуство во корисничка поддршка.Со тоа, не само што овозможува професионални и високо квалитетни услуги кон своите клиенти, исто така нуди и одлични кариерни можности за своите вработени.
Кои се кариерните можности кои ги нуди Webhelp?
Webhelp нуди различни кариерни можности, во зависност од претходното искуство на кандидатите.
Вратите на Webhelp се отворени и за најмладите кандидати кои се во потрага по своето прво работно искуство, но исто така имаaт можности за сите оние кои се решени да направат промени или да прифатат поголеми предизвици.
Кои се условите да станеш и ти дел од тимот на Webhelp?
Webhelp North Macedonia е фокусиран на германскиот пазар и затоа основен предуслов да се стане дел од нивната успешна приказна е активна примена и зборување на германски јазик.
Каде, кога и што може да се очекува од овој неколку дневен настан?
Настанот ќе се одвива во просториите на Webhelp од 23-27 Јануари почнувајќи од 16 до 18 часот.
Ќе имате прилика поблиску да го запознаете и почувствувате Webhelp преку пријатна дружба и проширување на нови познанства, дегустирање на највкусното кафе во градот, размена на информации и искуства во врска со компанијата, и разгледување на можности кога и како може да се стане дел од големото Webhelp семејство.
Каде може да се најдат повеќе информации?
Посети ги нивните официјални страници на https://webhelp.com/ и https://webhelp.mk/ а најдобро е да се посети нивната канцеларија на плоштад Македонија (влезот кај Калиoпе и ТераНова).
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.