Веќе 35 години континуирано и посветено ја реализираме нашата хумана мисија да им понудиме помош, да се погрижиме за што подобро здравје и што подобри услови на оние на кои им е најпотребно, преку донации во болници и медицински установи, како и на социјално загрозени семејства.
Нашиот јубилеј го посветуваме на една силна, повисока цел – поддршка на лицата со аутизам, со организација на Зегин Спектратон и фондацијата „Д-р. Верица Механџиска“, хуманитарна трка во која заедно со вас ќе истрчаме до една единствена цел – првиот и единствен Дневен центар за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Да бидеме хумани.
Погледни ја официјалната програма за Зегин Спектратон трката која ќе се одржува на 9ти јуни!
Сè уште се немаш пријавено? Те чекаме https://bit.ly/4dF5CcT
Се гледаме на целта!

