Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР www.AnaSaltirova.mk, Автор, Член на УО на МАЧР, Искусен HR професионалец, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој
На крајот на секоја година, во компаниите обично се случува истото сценарио: се сумираат резултати, се мерат KPI, се прават планови за „следната година“.
И сето тоа е важно. Но често недостасува еден клучен чекор, свесно затворање на годината што поминала. Не само од аспект на бројки, туку од аспект на:
- искуства
- научени лекции
- односи
- луѓе на кои сме им благодарни
Токму тука, се губи можноста за подлабока тимска и организациска култура.
Кога резултатите се мерат, а искуствата се прескокнуваат, во многу компании:
- се знае што е постигнато
- но ретко се зборува како сме стигнале таму
Ретко се отвора простор за прашања како:
- Што научивме како тим оваа година?
- Кој предизвик нè направи посилни?
- Кој придонес остана „невидлив“, а беше клучен?
Без вакви разговори, тимовите продолжуваат понатаму функционални, но не секогаш поврзани. Ефикасни, но не секогаш свесни.
„Писмо #Благодарам“ како алатка за организациска култура
Во мојата работа како HR професионалец и coach, често гледам дека најголемата разлика не ја прават сложените алатки, туку едноставните, но свесно водени ритуали.
Еден таков ритуал е концептот „Писмо #Благодарам“, структуриран момент за:
- рефлексија
- благодарност
- извлекување лекции
Во деловен контекст, ова не мора буквално да биде „писмо“, може да биде:
- тимска сесија за затворање на годината
- дел од HR работилница
- лидерска рефлексија со тимот
Со фокус на три едноставни прашања:
- Што ни донесе оваа година – како резултат и како лекција?
- Што научивме за себе како тим / компанијата?
- Кому и за што сме благодарни?
#КакоМОЖЕ ова да работи за ШТО се добива:
Кога тимовите добиваат простор да зборуваат за процесот, а не само за резултатот, се зголемува:
- психолошката сигурност
- чувството на припадност
- спремноста за соработка во следната година
Лидерите кои покажуваат благодарност и ранливост во вакви моменти:
- градат доверба
- ја зајакнуваат автентичноста
- испраќаат порака дека луѓето се поважни од бројките
За HR, ваквите ритуали се:
- поддршка на Employee Experience
- алатка за култура, не само за процес
- начин да се „оживеат“ вредностите, а не само да стојат на ѕид
Дали ова е применливо во секоја компанија?
Искрено – НЕ во секоја, и не во секој момент, но во оние компании каде:
- постои намера за свесна култура
- луѓето се гледаат како повеќе од ресурси
- се бара одржливост, не само резултат
…токму вакви мали ритуали знаат да направат голема магија.
Од каде дојде инспирацијата?
Овој текст произлезе од еден личен ритуал што го практикувам со моето семејство – пишување „Писмо #Благодарам“ на крајот од годината, кој подетално е опишан во текстот „Писмо #Благодарам 2025“ на мојот Substack: https://licenizbor.substack.com/p/2025
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.

