недела, декември 28, 2025
Почетна БлагосостојбаТим билдингот на IuteCredit ќе ве потсети на старите добри времиња

Тим билдингот на IuteCredit ќе ве потсети на старите добри времиња

by 24HR

Седумдесетина вработени на IuteCredit од шест градови во Македонија викендов кајакареа на Матка и не потсетија на редовните забавни активности во кои сите ние уживавме кога сè беше во најдобар ред.

Ова беше нивниот прв вистински тим билдинг од појавата на Ковид-19 и преку неговиот слоган “Team Building Vaccinated” сакаат да испратат порака дека наскоро доаѓаат подобри времиња каде ваквите друштвени активности повторно ќе станат нормална појава.

Надеж за подобри времиња влева и позитивното расположение на нивните вработени кои уште еднаш покажаа дека не го изгубиле натпреварувачкиот дух кој компанијата го гради и негува.

По 40-минутното кајакарење тие направија мал одмор посетувајќи ја пештерата Врело и восхитувајќи им се на неописливите природни убавини со кои е збогатена нашата земја и потоа повторно им се вратија на студените води на Матка.

Нивното викенд дружење го заокружија со заеднички ручек и планови за следни активности.

За време на тим билдингот се испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид-19.

IuteCredit Македонија е дел од естонската групација AS IuteCredit Europe која е присутна и во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Компанијата обезбедува извонредни кариерни можности и презема активни мерки за подобрување на задоволството, ангажираноста и емоционалното здравје на вработените.

Related Posts

Leave a Comment