Добро е да се внимава на она што професионалците го прават во фудбалскиот свет, бидејќи еден трансфер може да доведе до други ако вистинскиот играч премине во некој друг тим. Всушност, истото се случува и на модерните работни места.
Фудбалерите кои се натпреваруваат во најсилните фудбалски лиги несомнено се сметаат за модерни рок ѕвезди. Огромно мнозинство од овие играчи заработуваат милиони евра годишно за играње на натпревар кој останатите луѓе плаќаат да го гледаат.
Нивните годишни плати воопшто не треба да не изненадат ако фрлиме поглед на нивните договори за спонзорства и приходите кои им ги носат на своите клубови, но во одредени тимови е забележано зголемување на моќта која ја имаат играчите до тој степен да тие влијаат и на менаџерските одлуки.
Фудбалерите можат да станат и централни фигури и ефективно да дејстуваат како selling points за клубовите кои сакаат да привлечат други играчи. Совршен пример за тоа е влијанието на Лионел Меси врз трансферот на Нејмар. И сега, ако Меси го направи долго очекуваниот трансфер во Манчестер Сити, тој исто така може да повлече некој играч и таму.
Оттаму, добро е да се внимава на она што професионалците го прават во фудбалскиот свет, бидејќи еден трансфер може да доведе до други ако вистинскиот играч премине во некој друг тим. Всушност, истото се случува и на модерните работни места.
Додека повеќето фудбалери ги извршуваат своите должности професионално и без многу врема, понекогаш се случува тие да постапат на начин на кој работодавците не би одобриле. За пример го земаме неславниот инцидент со роденденската торта на Јаја Туре кој остави длабока трага го неговата репутација и односот што го имаше со клубот во 2014 година кога Сити заборави да го честита неговиот роденден.
Тогаш, неговиот агент Димитри Селук упати критики до Манчестер Сити најавувајќи дека 31-годишниот фудбалер би можел да го напушти клубот. Во нормални канцелариски околности, ваквиот тип на акција сигурно ќе завршеше со дисциплинска постапка за работникот, но сепак, во случајот на Туре, немаше никаква казна од клубот кон играчот на Брегот на Слоновата Коска и тој продолжи да го носи небесно синиот дрес уште три години, заработувајќи милиони фунти.
Фудбалот е тимски спорт и важно е да се работи заедно за заедничка цел
Организациите очекуваат нивните вработени да дејствуваат професионално во секое време, особено кога тие ја претставуваат компанијата. Често се случува фудбалерите да покажат непочитување кон нивните менаџери, тренери и клубови, но малкумина се дисциплинирани за своите постапки.
Замените се дел од управувањето со играта и се прават во корист на тимот, но играчите несекогаш гледаат на тој начин. Честопати, играчите го фрлаат шишенцето со вода или одбиваат да се ракуваат со менаџерот кога ќе бидат заменети во текот на играта, но сето тоа е прифатливо однесување во светот на фудбалот.
Сепак, ова е целосно надвор од зоната на професионално однесување и, бидејќи тие го претставуваат клубот, нивното однесување треба да биде попримерно со оглед на тоа што натпреварите се пренесуваат на телевизија и ги гледаат милиони луѓе.
Исто така, очекувано е вработените да се однесуваат најдобро што можат за време на својот професионален ангажман и работно време, но клубовите често го занемаруваат тоа. Играчите понекогаш се служат со матни игри кога своеволно бараат трансфер, предизвикувајќи фрустрација кај остатокот од тимот, навивачите и управата. Овие играчи, честопати завршуваат со исполнети желби во своја корист, а тоа обично поминува без реакција.
Некои клубови ги санкционираат оние кои ги кршат клупските протоколи и дејствуваат надвор од правилата. На само една година од истекот на својот договор, Флорент Малуда како играч на Челси се обиде принудно да издејствува трансфер во друг клуб. Сепак, откако тој не успеа да го направи тоа, тимот го санкционираше и го натера играчот да тренира со младинскиот тим и беше целосно изоставен од тимот кој во тоа време се натпреваруваше во Лигата на шампионите.
Клубовите кои преземаат соодветни мерки против играчите кои не ги исполнуваат своите обврски се сметаат за храбри во модерната ера, а другите треба да го следат овој пример бидејќи не може една индивидуа да биде помоќна и поважна од целата организација.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.