Канцеларијата после Ковид-19

од 24HR

Пишува Јулијана Миновска, HR Директор на The HeadHunter во Македонија

Ковид-19 иницираше усвојување на нови начини на работа и ги промени навиките во и надвор од работното место. Сега организациите имаат задача да ја преиспитаат својата работа и улогата на канцелариите во создавање на безбедни, продуктивни и пријатни работни места за своите вработени.

Многу компании ширум светот добро се справија со ситуацијата, дејствувајќи брзо за да ги заштитат вработените и да мигрираат на нов начин на работа што дури и најекстремните бизнис планови не го предвидуваа тоа. Во различните индустрии, лидерите ќе ги користат лекциите од овој обемен експеримент на работа од дома за да размислат како се извршува работата – и каква улога треба да играат канцелариите – на креативен и смел начин.

Според истражувањето на Мекинзи, 80 проценти од испитаниците изјавиле дека уживаат додека работат од дома. Четириесет и еден процент велат дека се попродуктивни отколку претходно и 28 проценти сметаат дека нивната продуктивност останала непроменета. Голем број вработени ослободени од долгите патувања до работното место пронајдоа попродуктивни начини за да го поминат тоа време, уживаа во поголема флексибилност во балансот на нивниот личен и професионален живот и решија дека повеќе сакаат да работат од дома, отколку од канцеларија. Од друга страна, многу организации сметаат дека можат да пристапат до нови базени со таленти со помали локални ограничувања, да усвојат иновативни процеси за подигнување на продуктивноста, да создадат уште повлијателна култура и значително да ги намалат трошоците за канцелариски простор. Компаниите ширум САД се прашуваат како треба да се заврши работата и која е улогата на канцеларијата.

Иако одговорот на ова прашање ќе биде различен за секоја организација, бизнис и функција, исклучителните вештини за управување со промени и постојаното пивотирање се нешто што треба да се случи со текот на времето.

За време на пандемијата, организациите се обидоа да се осигураат дека најкритичните процеси можат да се спроведат од далечина. Повеќето од нив, едноставно ги трансплантираа постојните процеси во оддалечени работни контексти, имитирајќи го она што се правеше пред пандемијата. Организациите треба да ги идентификуваат накритичните процеси за секој значаен бизнис, локација и функција, и истите да ги преиспитаат во целост, честопати со вклучување на вработените. Овој напор треба да ги испита нивните патишта за професионален развој (на пример, да се биде физички присутен во канцеларија на почетокот и да се работи од далечина подоцна) и различните фази на проектите (да се биде физички ко-лоциран во фазата на првично планирање и да реализира проектот од далечина).

Организациите, исто така, треба да размислуваат за нивните вредности и култура, како и за интеракциите, практиките и ритуалите кои ја промовираат таа култура. На пример, компанија која се фокусира на развој на таленти, треба да се запраша дали малите моменти на менторство кои се случуваат во канцеларија можат спонтано да продолжат и во дигиталниот свет. Другите практики може исто така да се реконструираат и зајакнат така што организацијата ќе може да ја креира и одржи заедницата и културата што и е потребна.

Работните места треба да го искористат овој период за да се оддалечат од застарените навики и системи на работното место. Добро планираното враќање во канцеларија може да го искористи овој момент за да ја открие нивната улога и да создаде подобро искуство за талентите, да ја подобри соработката и продуктивноста и да ги намали трошоците. На крајот на краиштата, целта на оваа реинвенција ќе биде она што добрите компании отсекогаш го сакаа: безбедно опкружување каде луѓето ќе можат да уживаат во својата работа, да соработуваат со своите колеги и да ги постигнат целите на нивните работни места.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...