Новото работно опкружување бара уште повеќе фидбек од страна на менаџерите

од 24HR

Вработените и работодавците се сложуваат дека е неопходен континиуран коучинг, особено во новото работно опкружување, покажува студијата на Reflektive.

Не е тајна дека вработените со нетрпение чекаат да добијат повеќе внимание и повратни информации од своите раководители.

Една интересна студија спроведена во 2019 година од страна на BetterWorks откри дека професионалците за човечки ресурси чии организации користеле програми за континуирано управување со перформансите, биле за 50% позадоволни од овој процес.

И тоа е сосема очекувано ако се земе предвид фактот дека сè повеќе вработени бараат индивидуални програми за развој, а во овој случај, честите повратни информации од страна на менаџерите може да бидат дел од решението.

Од друга страна, бројот на HR и бизнис лидери во светот кои очекуваат дека менаџерите се должни да обезбедат повратни информации на дневно ниво е зголемен за 170% од 2018 година, соопшти Reflektive.

Нивното истражување кое беше спроведено на 445 HR и бизнис лидери и 622 вработени, исто така, откри дека бројот на вработени кои претпочитаат формални разговори за нивниот перформанс барем еднаш во месецот е зголемен за 89%.

Сепак, студијата покажа и на еден друг проблем, а тоа е незнаењето на вработените како треба да побараат фидбек. Дури една четвртина од вработените опфатени во студијата изјавиле дека се соочуваат со овој проблем, додека 85% од раководителите сметаат дека вработените се јасни во своите постапки за барање на повратни информации.

Поради пандемијата на Ковид-19, голем број вработени и менаџери повратните информации во моментов ги разменуваат од далечина.

Управувањето со вработени на далечина може да вклучи многу промени, вклучувајќи и реорганизација на работното време, времето и структурата на тимските состаноци, методите на комуникација и нивната фрекфентност.

Но и покрај тоа, сите знаци укажуваат на потребата менаџерите да бидат поадекватни и поактивни во однос на пристапот и комуникацијата на повратните информации со своите вработени.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...