среда, јануари 7, 2026
Почетна НовостиМАЧР го најави доделувањето на HR Награди за 2019 – настанот ќе може да се следи и онлајн

МАЧР го најави доделувањето на HR Награди за 2019 – настанот ќе може да се следи и онлајн

by 24HR

Македонската асоцијација за човечки ресурси ќе ги додели наградите HR Менаџер на годината, Млад HR ентузијаст и Најдобра HR пракса за 2019 година.

На 20 октомври со почеток во 17 часот во Јавна Соба, МАЧР организира настан за доделување на годишните HR награди. Настанот ќе биде хибриден – во живо и преку live stream.

Годинава, покрај традиционалната награда HR Менаџер на годината, Асоцијацијата ќе додели и награди во следните две категории:

  • Млад HR ентузијаст за 2019 година и
  • Најдобра HR пракса за 2019 година.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од настанот, потребно е да ја пополните кратката пријава која може да ја преземете на следниот линк.

Во контекст на спроведувуањето на протоколите за превенција од Ковид-19, бројот на учесници на настанот во живо е ограничен. Во таа насока, од МАРЧ информираат дека заинтересираните учесници кои нема да добијат потврда за присуство на настанот во живо, ќе добијат линк за онлајн следење на манифестацијата преку live stream.

Related Posts

Leave a Comment