понеделник, јануари 5, 2026
Почетна HR занимливостиНовото видео за регрутација на ЦИА ќе направи да посакате да станете агент на тајната служба

Новото видео за регрутација на ЦИА ќе направи да посакате да станете агент на тајната служба

by 24HR

ЦИА објави ново регрутациско видео во обид да го направи шпионирањето привлечно за помладите генерации.

Централната разузнавачка агенција ја објави својата прва видео реклама со што го означи почетокот на една нова ера во напорите за регрутирање на Агенцијата.

Станува збор за класично регрутациско видео со времетраење од 60 секунди наменето да се емитува на сите сервиси за стримање и видео платформи.

Видеото започнува со обраќањето на инструкторот на ЦИА до новите регрути со зборовите: „Потребно е само едно ново парче… надворешна информација… и сè може да се промени за миг“.

Рекламата потоа оди на друг кадар каде што аналитичарот за разузнавање забележува напредок во својата работа и го повикува својот претпоставен на кој му вели: „Мислам дека најдов нешто“.

Подоцна во видеото, неколку агенти разговараат за предавање на УСБ кое најверојатно содржи класифицирани информации.

„Ќе можеш да ја видиш целата работа?“ – женски агент го прашува својот машки колега.

„Да, ќе бидам на покривот токму тука. Најдоброто место во куќата.“ – одговара тој пред видеото да продолжи на нов кадар каде се гледа како женски агент тајно го зема УСБ уредот од својот извор, додека партнерот внимава на неа.

Видеото завршува со истиот инструктор на ЦИА кој вели: „Нацијата… смета на вас да ја откриете вистината… Дами и господа… добредојдовте… во ЦИА“.

Целото видео можете да го погледнете подолу:

Related Posts

Leave a Comment