Ова се најдобрите компании за жени во 2020 според Форбс

од 24HR

Иако голем број компании во последно време направија сериозен исчекор во борбата за родова еднаквост, само мал дел од нив воведоа вистински политики кои ги ставија жените во центарот на вниманието.

Магазинот Форбс неодамна ги објави резултатите од својата годишна студија за најдобри работодавци за жени, која веќе трета година по ред ја спроведува во партнерство со компанијата за истражување на пазарот „Статиста“.

Мислењата на 75.000 вработени во САД, вклучително и 45.000 жени кои работат во компании со над 1.000 вработени, ја ставија компанијата REI на врвот на листата на Форбс. Компанијата за облека, обувки и спортска опрема која датира од 1938-та година освои 87,60 од 100 поени.

На второ место се најде Unilever која брои речиси 170.000 вработени. Во 2019 компанијата објави дека дури 50,7% од вработените на менаџерски позиции се жени.

Employer Branding приказни: Како Unilever стана #1 работодавач во повеќе од 40 земји ширум светот?

Третото место и припадна на Ulta Beauty, компанија за малопродажба и големопродажба на козметика која годинава ќе слави 30 години од своето основање.

Осигурителниот гигант The Hartford се најде на четврото место, а веднаш после него следи Coca-Cola со 82.78 поени.

Шестото и седмото место им припаднаа на компаниите Keller Williams Realty и The Estée Lauder Companies со освоени 81.86, односно 81.34 поени.

Американскиот ланец на продавцици за електронска опрема Best Buy го зазеде осмото место, а во топ 10 се вброи и една образовна институција – Clovis Unified School District која се најде на 9-тото место, како и уште една осигурителна компанија – Zurich Insurance Group, рангирана на 10-тото место.

Во истражувањето на Форбс се опфатени вработени од 31 индустрија од кои е побарано да го искажат својот став за корпоративната култура на нивниот работодавач, можностите за кариерен развој, брендот на работодавач, условите за работа, платите и диверзитетот.

 

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...