Овој човек ги елиминира сите титули во својата компанија, вклучувајќи ја и неговата

од 24HR

Сопственикот на компанијата која стои зад најпознатиот облакодер во Дубаи, Бурџ Халифа, одлучи да ги отстрани сите титули во својата организација со цел градење на подобра компаниска култура.

Холдингот Emaar Properties кој има околу 6.600 вработени во вторникот објави дека ги елиминира сите титули на работни позиции во рамките на својата организација.

Основачот на компанијата, Мухамед Алабар, во својот е-маил до вработените вели „Емаар не е збир на талентирани индивидуи, туку тим со одличен споен талент“ и дека „за Емаар да продолжи успешно да работи, важно е секој вработен да чувствува дека може да придонесува“.

Визит-картичките на вработените веќе нема да содржат титули, туку само оддели во кои тие работат, а тоа ќе важи и за визит-картата на Алабар.

Според него, оваа промена е наменета да инспирира ставање фокус на таленти, а не на титули.

Во теорија, елиминирањето на хиерархиската структура може да доведе до создавање на култура на соработка, вели Брајан Робертсон, претприемач кој го измисли холакратскиот пристап.

Холакрација или напуштање на пирамидалната хиерархија беше испробано и во други компании, но без успех.

Zappos, компанијата во сопственост на Amazon во 2015 година се обиде да премине на холакрација, но тоа предизвика дури 14% од вработените да се повлечат. Истото го направи и Medium, онлајн платформата за објавување, но набрзо се повлече од целата таа идеја.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...