Одлично е чувството кога она што го работите со огромна љубов и посветеност им го менува животот на луѓето

од 24HR

Луѓето ги обожаваат нејзините текстови на 24HR. Пишуваше за своето регрутерско искуство, како се градат ефикасни тимови и како да напредувате во кариерата, а дојде и денот кога 24HR ќе напише нешто за нашата драга колумнистка Јулијана Миновска. Понеделнички, ви ја пренесуваме нејзината HR приказна во рубриката Љубов кон HR на 24HR.

Тој што ја познава Јулијана ќе каже дека е скромна, искрена и навидум едноставна личност. Посветена сопруга и мајка за која семејството претставува основна поддршка, столб и двигател во приватниот и професионалниот живот. Таа е личност со огромна верба во сопствениот потенцијал и личен труд. Професионално е енергична, амбициозна со долгогодишно исксутво во човечки ресурси, регрутации и хедхантинг.

Со HR се занимава повеќе од 12 години. Нашето прво прашање за Јулијана беше што е тоа што ја натера неа да се вљуби во човечките ресурси како професија?

Сакам што во чевечките ресурси ми е дозволена привилегијата да им помагам на другите подобро да се спознаат себеси и вистински да ги прифатат и да ги максимизираат своите природни таленти, а цело време фокусот е зајакнување на тим, организација или култура. Тоа е таа исклучителна врска која ја остварувам со другите убави луѓе.

Се сметам себеси за “People Person”. Огромно задоволство добивам од помагањето на луѓето и градењето односи. Вработувањето навистина дава шанса да направите разлика. Им помагам на клиентите да ангажираат одлични луѓе и да ги развиваат своите деловни активности. А исто така, им помагам на кандидатите да дознаат за нови можности и да ги развиваат своите кариери. Она што го работам со огромна љубов и посветеност има позитивно влијание врз животот на луѓето! И тоа е одлично чувство!

Од каде започна Јулијана и како изгледа нејзината кариерна патека?

Мојата кариера во оваа насока започна многу случајно.  По завршувањето на студиите и после неколку годишното искуство во туризам наидов на предизвикот потрага за нова работа па така патот ме доведе до Trenkwalder, реномирана европска компанија присутна во повеќе од 18 земји низ цела Европа, провајдер на кадровски услуги. Во оваа компанија ми беше дадена можноста да се запознаам со човечките ресурси, односно со консалтингот во човечки ресурси, кадровски и услуги за вработување кои се однесуваат на огромен и широк аспект. Од тука започна сè и годините поминати во оваа компанија се најинтензивни во однос на мојата професионална надградба и развој како и период кој направи најголемо влијание на сè она што продолжив да го работам. Trenkwalder беше одлична школа кој со својата академија стандардизирано, систематски и стратешки пристапи кон мојот професионален развој, кој секако влијание имаше и на личниот развој. Во Trenkwalder а, сега веќе ЕСИ, работев на позиција HR и Менаџер за Регрутации. Исто така, околу 3 години работев на позиција HR Менаџер за Македонија, Србија, Босна и Црна Гора.

После 9 години, го прифатив предизвикот да го преставувам The Headhunter во Македонија. The Headhunter е иновативна комапнија за вработување, консалтинг и регрутации со свои канцеларии низ цел Западен Балкан и САД. Во оваа компанија продолжив да се изградувам но, сега веќе на повисоко ниво и пофокусирано на она што е консалтинг во Човечки ресурси и хедхантингот како наша специјалност.

Кое е вашето најголемо HR достигнување?

Најголемо достигнување е мојот професионален ангажман на регионално ниво во склоп на Trenkwalder групацијата, задоволството, професионалниот развој кој го носи огромната мрежа на оваа групација, споделувањето на знаења помеѓу колегите и контактите кои до ден денес ги негувам и ми се особено драги.

Достигнувањето да го преставувам и водам The Headhunter во Македонија. Како и веќе препознатливоста меѓу клиентите и кандидатите за вредноста која ја добиваат од она што е услуга од HR консултант, консултант за регрутации и хедхантинг.

Достигнување се многуте задоволни клиенти и кандидати. Многуте дефицитарни позиции пополнети од кандидати кои се “fit” на бараниот профил. Многуте топ менаџмент позиции пополнети. Соработката со различни интернационални компании, соработката со странски инвестиции на brown и green field.

Тука би ја напоменала вредноста која ја носиме на нашите клиенти и кандидати. Препознавањето на предизвиците, потребите како и можноста флексибилно да одговориме со иноватвни решенија приспособени за секое барање.

Ја прашавме Јулијана и каква е пораката која таа би им ја дала на сите кои размислуваат за кариера во човечки ресурси?

Да го пронајдеме она што сакаме да го работиме можеби е најголемиот животен предизвик, бидејќи “Good job good life” или добра работа значи добар живот. Па, оттука за оние кои сакаат да  креираат кариера во Човечки ресурси ги охрабрувам да се движат во тој правец бидејќи како што е веќе широко прифатено луѓето се најважната алка на секоја просперитетна организација, а ефективното управување со човечките ресурси е основно во секоја здрава деловна стратегија. Основен двигател во оваа професија е посветеноста и љубовта кон луѓето и стремежот кон позитивни промени. Бидете свои, упорни и насочени кон целта.

Што мислите за порталот 24HR?

Одлично место каде што можат да се прочитаат сите новитети поврзани со HR. Токму оваа иницијатива и портал придонесува за споделување на искуства и знаења како и да се запознаат повеќето професионалци.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...