Седумдесетина вработени на IuteCredit од шест градови во Македонија викендов кајакареа на Матка и не потсетија на редовните забавни активности во кои сите ние уживавме кога сè беше во најдобар ред.
Ова беше нивниот прв вистински тим билдинг од појавата на Ковид-19 и преку неговиот слоган “Team Building Vaccinated” сакаат да испратат порака дека наскоро доаѓаат подобри времиња каде ваквите друштвени активности повторно ќе станат нормална појава.
Надеж за подобри времиња влева и позитивното расположение на нивните вработени кои уште еднаш покажаа дека не го изгубиле натпреварувачкиот дух кој компанијата го гради и негува.
По 40-минутното кајакарење тие направија мал одмор посетувајќи ја пештерата Врело и восхитувајќи им се на неописливите природни убавини со кои е збогатена нашата земја и потоа повторно им се вратија на студените води на Матка.
Нивното викенд дружење го заокружија со заеднички ручек и планови за следни активности.
За време на тим билдингот се испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид-19.
IuteCredit Македонија е дел од естонската групација AS IuteCredit Europe која е присутна и во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Компанијата обезбедува извонредни кариерни можности и презема активни мерки за подобрување на задоволството, ангажираноста и емоционалното здравје на вработените.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.