Три лидерски особини кои шефот на Микрософт ги бара кај своите вработени

од 24HR

После две децении во Микрософт кои во 2014 година му овозможија да застане на чело на софтверскиот гигант, извршниот директор Сатја Надела имаше доволно време да открие што значи да се биде добар лидер.

Говорејќи на последниот Светски мобилен конгрес кој во 2019 се одржа во Барселона, Сатја Надела објасни како ги редефинирал своите мисли за добро лидерство во три главни области.

Тој не само што го бара ова ниво на лидерство кај оние со кои работи, туку и лично кај себе. Еве ги трите одлики кои Надела ги бара кај некој што себеси се смета за лидер:

Јасност

Во време на криза и хаос, луѓето кои додаваат најголема вредност се оние кои можат да понудат јасност и олеснување на тешката состојба.

„Лидерите ја имаат оваа неверојатна и необична способност да внесат јасност во ситуација кога тоа не постои“ изјави Надела.

Според него, не можете да се нарекувате лидер ако дојдете во ситуација која по природа е несигурна и нејасна, а вие создавате дополнителна конфузија. Надела смета дека лидер е оној кој создава јасност таму каде што не постои.

Претходно, Надела истакна дека ова е „најважниот атрибут“ што секој лидер треба да го поседува, иако многу често се случува тоа да се потцени.

Прочитајте > Како изгледа интервјуто за работа во Google?

Енергија

Иако јасноста е исклучително корисна во време на несигурност, таа не е единствениот атрибут што лидерот треба да го поседува. За извршниот директор на Микрософт поседувањето на вистинска страст и ентузијазам за тоа што го правите е подеднакво важно.

„Лидерите создаваат енергија“, истакна Надела додавајќи дека ако некој ви пријде и ви каже дела тој е одличен, но сите околу него се за никаде, таа личност не е лидер.

Вистинскиот лидер мора да создаде енергија насекаде околу себе. Тој или таа мора да имаат свои следбеници.

Жед за успех

Конечно, успехот не доаѓа преку ноќ. Дури и кога ќе станете успешни, вие сигурно ќе се соочите со многу предизвици по патот – па затоа имајте го ова на ум.

Третата и не помалку важна работа што секој лидер треба да ја поседува е жедта за успех.

„Не можете да кажете дека чекате совршено време и поклопување на ѕвездите за да ја покажете својата брилијантност. Тоа, едноставно, не е лидерство“, смета Надела.

„Потребно е да го разберете ова и да почнете да иницирате успех“, додава тој.

Овие три особини се некои од клучните аспекти кои Микрософт ги зема предвид и при разгледување на апликациите за работа. Покрај тоа, компанија ги охрабрува вработените да ја следат својата страст и да го прифатат сопствениот идентитет.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...