Што бара Тим Кук кај кандидатите за работа во Apple

од 24HR

Ако сакате работа во Apple или во која било друга престижна организација, можеби ќе сакате да обрнете внимание на она што Тим Кук како извршен директор на Apple го бара кај кандидатите.

Иако нема да ве интервјуира лично Тим Кук (или можеби дури и нема да аплицирате за работа во Apple), увидите на Кук за тоа што Apple го бара кај новите вработени е важна информација за сите кои сакаат да работат во слична компанија.

Додека Кук бара многу квалитети кај потенцијалните вработени, вклучително посветеност и љубопитност, тој исто така бара луѓе кои „нема да прифатат статус кво, луѓе кои не се задоволни од начинот на кој стојат работите“. На кратко, тој бара луѓе кои „размислуваат поинаку“, како што гласи и познатата мантра на Apple.

Еве неколку прашања кои може да си ги поставите за да оцените дали вие ги поседувате карактеристиките кои ги бара Тим Кук:

Дали имате намера да го обликувате светот?

Најпрво, размислете дали сте задоволни со начинот на кој работите стојат и дали имате немирен ум кој сака да го обликува светот околу вас.

Знаете дека го имате овој квалитет ако забележувате работи што може да се подобрат и имате храброст да преземете нешто. Доколку системот може да се подобри, да се промени некој процес или ви се појави некоја нова кариерна можност, вие не застанувате и не се заситувате.

Кук е пример за овој динамичен начин на размислување. Кога ја прифати позицијата во Apple, тој рече дека тоа е затоа што ги „согледал проблемите со кои се соочува Apple“ и решил тука да го даде својот придонес. Неговата задача беше да направи ремонт на производството и дистрибуцијата на Apple и тој испорача навистина исклучителни резултати на овој фронт.

Дали сакате да преземате ризик?

Втора карактеристика на одбивање да се прифати статус кво состојбата е подготвеност да се ризикува.

Треба да бидете подготвени да се откажете од сигурносната мрежа на она што е, за да го создадете тоа што може да биде. Мора да бидете подготвени да одите спротивно од популарните верувања и начини на вршење на работите. И, мора да бидете подготвени да го исцртате текот на вашата кариера на начин што треба да изгледа различно и уникатно.

Одлучноста на Кук да ги реши проблемите на Apple вклучи огромен ризик во неговата кариера. Кога во 1998 година Стив Џобс му понуди работа на позицијата Постар потпретседател на Apple, компанијата беше во фаза на лизгање.

Откако ја прифати оваа работа, многумина му кажаа на Кук дека требал да остане во Compaq, каде што беше извршен директор со ветувачка кариера. Во тоа време, Compaq беше најголемиот продавач на компјутери во светот и како што вели Кук: „Секое рационално разгледување на трошоците и бенефитите беа во корист на Compaq, а луѓето што најдобро ме познаваа ме советуваа да останам таму“. Еден од неговите познаници дури и му кажал дека би бил будала доколку го напушти Compaq за Apple.

На колкумина од нас ни е кажано да останеме на своите работни места, наместо да преземаме ризик што води кон нови можности за кариера? „Не го правете тоа“ е најчестиот совет кој го добиваме од другите кои сметаат дека имаат подобро сетило за нашите интереси и капацитети отколку ние самите.

Дали верувате во иднината?

Трето нешто што ќе ви биде потребно за да го отфрлите статус квото е да имате верба во непознатата иднина.

Кога еден шестооделенец го запраша Тим Кук како станал извршен директор на Apple, тој објасни дека во тоа време немал никаква идеја каква ќе биде неговата иднина. „Никогаш не сонував дека ќе бидам извршен директор на Apple. Никогаш не размислував дека тоа е возможно. Мојот животен повик го добив на почетокот на 1998 година кога Стив Џобс ми понуди работа. Но, јас секогаш верував во она што претседателот Линколн еднаш го кажал: „Јас ќе се подготвам и еден ден мојата шанса ќе дојде“.

Дали го слушате вашиот „стомак“?

Конечно, неприфаќањето на статус квото бара храброст. Кук вели дека тоа му помогнало да ја прифати понуда за работа во Apple.

Ако длабоко во себе чувствувате дека можете да понудите многу повеќе на некоја друга позиција, компанија или кариера, насочете се таму. Доколку чувствувате дека можете да ги промените работите во компанијата во која моментално работите, направете го тоа. Бидете бурни, зборувајте и претворете ги проблемите во решенија. Не ги закопувајте вашите идеи само затоа што другите не се подготвени за нив или затоа што се плашите да се истакнете.

„Ние во Apple бараме луѓе кои навистина сакаат да го променат светот и да се вложат себеси во тоа. Погледнете наоколу и ќе видите многу работи што ќе имаат корист од таа промена. Преземете чекори за да ги направите овие промени. И кога ќе одите на интервју за работа и ќе ве прашаат: „Кажете ни за проблемот кој го решивте“, вие ќе имате одличен одговор“, вели Кук.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...