Сакате да имате добар Employer Brand? Започнете со овие 10 работи и направете ја вашата компанија одлично место за работа!
Секој работодавач има простор за подобрување, особено кога станува збор за раст и задоволство на вработените. Издвојуваме десет едноставни начини да започнете да го создавате и подобрувате вашиот бренд на работодавач уште денес.
Дефинирајте автентичен бренд на работодавач
Појдовната точка е прашањето: Што е тоа што ја прави вашата компанија уникатно место за работа? Потоа, осигурајте се дека описот на работата во вашата компанија е автентичен и актуелен на вашата веб страна, страницата за кариера и каналите за социјални медиуми. Често ажурирајте ги вашите информации, така што нивната порака е усогласена со вашата еволуирачка култура и работна средина.
Потврдете го вашиот EVP со вработените и кандидатите
Вториот чекор е да ja дефинирате и потврдите пропозициската вредност што им ја нудите на вработените, во светот на човечките ресурси тоа се нарекува и EVP (Employee Value Proposition). Одвојте време да слушнете што велат вработените, да ги решавате проблемите со кои тие се соочуваат, а потоа побарајте од вработените да се приклучат со свои предлози за подобрување на нивното искуство и создавање на подобри услови за работа. Исто така, следете дали вашиот бренд на работодавач одекнува до вистинските кандидати.
Направете го вашиот бренд на работодавач визуелен и привлечен
Покажете им на работобарателите реален преглед за тоа како е да се работи во вашата организација со објавување фотографии и видеа од секојдневните случувања во вашите канцеларии. Заменете ги фотографиите од интернет со реални фотографии кои ги отсликуваат најдобрите моменти на вашите вработени.
Останете доследни
Обучете ги вашите сопственици, менаџери за вработување и директори да можат да ја пренесуваат приказната за вашата организација и работите кои ја прават одлично место за работа.
Оценете ја свесността и репутацијата на вашиот бренд
Аналитиката може да ви помогне да го подобрите и оптимизирате процесот на брендирање. Користете податоци за да донесувате подобри одлуки што можат да ви помогнат да ја добиете војната за таленти и да ја унапредите вашата стратегија.
Поправете ги грешките
Лошото мислење на поранешните вработени и кандидатите не е директно поврзано со комерцијалниот имиџ на компанијата, но индиректно секако дека го засега. Всушност, повеќето луѓе се сомнителни кога често ќе прочитаат лошо мислење за одредена компанија. Затоа, погледнете околу вас, видете каде греши вашата компанија и обидете се да го надминете проблемот со чиста и јасна стратегија за Employer Branding.
Направете ги вработените ваши бренд амбасадори
Без разлика какви позиции има во вашата компанија, вашите вработени можат да бидат вашите најдобри бренд амбасадори. Прегледите на вработените имаат моќно влијание врз барателите на работа, така што вашиот врвен талент може да ви помогне да привлечете други врвни таленти.
Искористете ја моќта на социјалните мрежи
Корпоративните профили на социјални медиуми не се наменети само за маркетинг пред корисниците на производите и услугите кои вашата компанија ги создава. Затоа, споделувајте и по некое искуство или успешна приказна на вашите вработени и претворете ги вашите клиенти во некој што би сакал да работи во вашата компанија и обратно.
Побарајте фидбек од кандидатите
Првите впечатоци се многу важни, затоа замолете ги вашите кандидати да го оценат процесот на вработување во вашата компанија.. Она што ќе го споделат може да ви помогне да ги решите проблемите и да направите подобрувања.
Постојано работете на подобрување
Секогаш може подобро. Дури и најатрактивните работодавачи имаат проактивна стратегија за Employer Branding. Целиот овој процес е жива материја и знае да згасне доколку не се одржува редовно. Редовното спроведување и ажурирање на стратегијата за Employer Branding ќе ви помогне да останете актуелни на пазарот на трудот и секогаш да бидете во очите на потенцијалните кандидати за вработување.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.