Кога станува збор за меките вештини, мнозинството регрутери ја вреднуваат тимската работа (57%) и комуникацијата (55%), додека за тврди вештини, аналитичките (53%) и ИТ вештините (49%) се на првото место.
Меките наспроти тврди вештини е секогаш актуелна тема помеѓу професионалците за човечки ресурси. Едно истражување на Zety ги идентификуваше најдобрите 10 меки и тврди вештини што работодавците и менаџерите за вработување ги сметаат за највредни.
Ова истражување од 2020 година спроведено на 205 работодавци и менаџери за вработување во САД, исто така, откри и како може точно да се потврди дали кандидатите ги поседуваат овие вештини.
Кога регрутерите биле прашани за меки вештини кои тие најчесто ги бараат, еве ги најчестите 10 одговори:
- Тимска работа (57%)
- Комуникација (55%)
- Управување со време (46%)
- Решавање проблеми (45%)
- Креативност (44%)
- Лидерство (40%)
- Организациски способности (34%)
- Емоционална интелигенција (33%)
- Донесување одлуки (28%)
- Управување со стрес (15%)
Кога беа прашани за тврди вештини, испитаниците ги посочија следните:
- Аналитички вештини (53%)
- ИТ вештини (49%)
- Основно познавање на компјутери (47%)
- Вештини за услуги на клиентите (44%)
- Презентациски вештини(43%)
- Менаџерски вештини (42%)
- Проект менаџмент (39%)
- Маркетинг (37%)
- Пишување (19%)
- Графички дизајн (15%)
Со оглед на тоа што технологијата е од суштинско значење за нашиот секојдневен живот, не е изненадување што многу регрутери ги вреднуваат ИТ вештините и основните компјутерски познавања на толку високо ниво. Со зголемувањето на работата на далечина, компјутерската писменост станува многу посакувана вештина.
Инаку, според анкетата, повеќето испитаници ги преферираат меките вештини (61%), во споредба со тврдите вештини (39%).
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.