40 илјади вработени во PwC ќе работат од дома

од 24HR

Консултантската компанија PricewaterhouseCoopers одлучи да им овозможи на 40.000 свои вработени во САД да работат практично од каде било.

PwC е првата консултантска компанија за ваков вид на услуги која ќе им овозможи на мнозинството вработени да работат од дома што означува исчекор од начинот на кој компаниите пристапуваа кон работната култура и начинот на работа пред пандемијата.

Станува збор за добро позната компанија која е дел од „Големата четворка“ која во петокот објави дека на мнозинството од вработените во САД ќе им овозможи да работат од дома.

Новата одлука ќе ги опфати сите вработени кои што работат со клиенти, вклучително ревизори, консултанти и даночни професионалци.

Другите вработени, како што се тимовите за услуги и информатичка технологија ќе продолжат да работат во канцеларија.

Инаку, во март PwC се реши да го испроба хибридниот модел на работа при што некои вработени работеа од далечина, а други работеа до три дена во неделата во канцеларија.

Причината да ја промени својата политика е во напорите на компанијата да ги задржи своите вработени и да регрутира разновидна работна сила.

Сепак, вработените кои ќе се одлучат да работат од поевтини дестинации би можеле да се соочат со намалување на платата, наведува Ројтерс.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...