9 совети од Ворен Бафет кои ќе ви помогнат да ја изберете вашата вистинска професија

од 24HR

Еден од најуспешните инвеститори во светот реши да сподели неколку бесплатни совети кои ги смета како важни за да имате успешна кариера, но и среќен живот.

Милијардерот Ворен Бафет кој неодамна имаше јавно обраќање на Универзитетот Линколн во Небраска им даде неколку совети на младите студенти кои се наоѓаат пред изборот на својата кариерна патека.

Пред сè, тој им порача да читаат многу и за сè и сешто, да пронајдат работа кон која чувствуваат страст и да се обидат да придобијат љубов и восхит од оние околу нив.

Ова се 9-те највпечатливи цитати од обраќањето на Ворен Бафет кои ги издвои Бизнис Инсајдер:

1. На генерацијата студенти оваа година би им го кажал следново: Би сакал да можев да го заменам местото со вас. Можеби се чувствувате како да влегувате во несигурен дел од животот, но факт е дека ова е најдоброто време од вашиот живот.

2. Јас го должам своето постоење на овој универзитет. Нема ништо поважно од образованието – рече Бафет, осврнувајќи се на фактот дека неговите родители се сретнале токму на овој факултет.

3. Целта е да пронајдете работа што би ја работеле и кога не би ви била потребна работата. Не се задоволувајте со помалку од тоа што го заслужувате. Работењето на работата што ја сакате, со луѓе на кои им се восхитувате, е најважно нешто, затоа најдете работа што ќе ве натера да сакате да станете од кревет наутро, дури и ако воопшто не ви требаат пари.

4. Имав среќа да се занимавам со една таква работа и верувајте ми, нема ништо подобро од тоа. Тогаш веќе не е работа, тоа е нешто што со нетрпение го очекувате секој ден. Веројатно нема да ја најдете веднаш штом започнете да барате работа, но таа е некаде таму, верувајте ми.

5. Развијте комуникациски вештини. Треба да знаете да пишувате добро и да можете убаво да се изразите и да ги следите сопствените мисли. Прекрасно е кога секој ден сфаќате дека сте научиле нешто што не сте го знаеле претходниот ден.

6. Среќен сум што сум роден во САД. Среќен сум што сум роден во Небраска. Среќен сум затоа што ги имав моите родители, како и образованието што го добив. Тоа не значи дека секој ден е совршен, светот не работи на тој начин. Обидете се да замислите да живеете во подобра земја или во подобра ера, мислам дека нема да успеете.

7. Ништо не е подобро од читањето. Ќе сакате да имате брз ум. Луѓето ме прашуваат со кого би ручал ако би можел да изберам, без оглед на тоа дали личноста е сè уште жива. Им велам дека кога ќе научите да читате, можете да ручате со која било исклучителна личност на светот.

8. До 90-те години запознав многу луѓе кои се збогатија, но кои не постигнаа успех. Познавам луѓе кои станаа славни, но не успеаја. Никогаш не сум сретнал некој што живеел до 70 години и кој околу себе имал луѓе што го сакале без да чувствува дека го постигнал најголемиот успех во животот.

9. Ако вашите деца, сопруга, колеги видат колку сте ги сакале во текот на животот, сте постигнале успех. Знам многу луѓе кои имаа повеќе талент од таквите луѓе, повеќе знаење, пари и слава, но ако немаа љубов, сето тоа е залудно.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...

Оваа веб страна користи cookies.