Препознатливиот Trust Index во Teleperformance Северна Македонија кој го мери истражувачкиот институт Great Place To Work®️ се искачи на високи 96 проценти и ја позиционира компанијата како апсолутен лидер во глобални рамки.
Teleperformance Северна Македонија, која веќе трета година има свое претставништво во Скопје, објави дека го зголемила својот Trust Index на 96 проценти и со тоа станува светски лидер во овој сегмент.
Индексот на доверба (Trust Index) дава сознанија за тоа како вработените ја перцепираат организацијата врз основа на нивното искуство на работното место во повеќе области и го пресметува институтот Great Place To Work®️ кој секоја година објавува листа на најдобри компании за работа во светот.
Минатата година, Teleperformance Северна Македонија за првпат беше сертифициран како Great Place To Work®️ и за тоа исполни важни критериуми и светски стандарди во однос на работното место.
„Great Place To Work® е сертификат со кој може да се пофалат само мал број на компании. Оваа сертификација значи дека успеавме да создадеме работно место кое исполнува највисоки стандарди и критериуми во светски рамки“, изјави Надица Ставрова , Менаџер за човечки ресурси во Teleperformance.
„Навистина е огромно задоволство кога ги добивме резултатите оваа година и уште еднаш нашите вработени ја потврдија довербата кон нас како работодавач и овозможија да се издвоиме, ние како лидер со највисок индекс на доверба и тоа со солидни 96%“, додаде Надица.
Инаку, компанијата континуирано работи на воведување и подобрување на постоечките стандарди и критериумите за да ги исполни барањата за добивање на Great Place To Work® сертификат, а зголемувањето на Индексот на доверба на 96 проценти е одличен знак дека Teleperformance Северна Македонија е на прав пат да го обезбеди најдоброто место за работа не само во рамки на стандардите во земјата туку и во светот како глобален лидер.
За Teleperformance
Повеќе од 40 години, Teleperformance е глобален лидер во обезбедување на корисничка поддршка поврзувајќи ги клиентите со најуспешните светски компании. Teleperformance во С. Македонија има повеќе од 350 вработени кои работат на едни од најатрактивните проекти во глобалната групација. Ако зборувате германски и сакате да станете дел од големото семејство на Teleperformance, аплицирајте со пополнување на следниот онлајн формулар.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.