Како состаноците со вашиот тим да ги направите поефективни

од 24HR

Редовните состаноци играат голема улога во многу дејности ,тие треба да создадат чувство за заедничко решавање на проблемите, да ги подигнат целите на компанијата и да донесат повисока продуктивност .Но кога ти се премногу чести ,вработените состаноците ги доживуваат поинаку,тоа за нив е губење време.

Како лидери на овие состаноци, важно е да разберете што ги прави состаноците здодевни,а што е она што ги прави состаноците ефикасни и продуктивни.

Совети како да ги направите состаноците поефективни

-Состаноците не треба да бидат само известување ,тие треба да бидат проследени со интерактивна комуникација, Никој не сака да седи на долг состанок и да слуша само информации и известувања.Ако имате соопштенија за објавување или презентација, испратете ги пред состанокот за вработените да имаат можност да го прочитаат и да дојдат подготвени со прашања.

Состаноците треба да се фокусираат на интерактивна комуникација, поставувајте прашања кои поттикнуваат дискусија.

-Тема или цел на состанокот.Вработените ќе бидат повеќе мотивирани да учествуваат на состанокот кога ќе ја знаат неговата цел . Испратете темата или целта на состанокот ден пред состанокот за вработените да знаат што да очекуваат,вклучете ги вашите вработени со тоа што ќе ги прашате дали имаат нешто што би сакале да се дискутира како група.

-Додадете малку забава. Закажете состанок за да ги прославите празниците, родендените на вработените, работните достигнувања итн. Внесете забавата на секој состанок со тоа што ќе кажете шега на ваша сметка.  Иако обично треба да се разговара за сериозни работи, не заборавајте една од целите на состаноците треба да биде градење чувство на заедница.

– Побарајте повратни информации од вработените.Прашајте ги вработените како се чувствуваат на состаноците ,прашајте ги за начинот на кој се одржуваат вашите состаноци или побарајте некој идеи што ги имаат вработените за тоа како да ги направите состаноците попродуктивни Што функционираше, а што не? Дали одреден пристап беше корисен? Потоа, искористете ги нивните повратни информации за да ги подобрите вашите состаноци понатаму.

Учењето како да се води состанок е суштинска вештина што може да поттикне средина со високи перформанси во организацијата. Ако не се спроведе добро, може да има сериозни последици врз продуктивноста и мотивацијата.

Користејќи ги овие совети , можете да започнете да го оценувате начинот на кој моментално ги одржувате сопствените состаноци и да имплементирате нови стратегии и да ги усовршите вашите процеси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...