Како Бреинстер тимски создава квалитетни кадри подготвени за пазарот на трудот

од 24HR

За репутацијата на Бреинстер како иновативна образовна организација, голема заслуга имаат вработените и инструкторите. Уникатното учење преку искуството на голем број на професионалци во своите области го прави тимот на Бреинстер посветен на својата колективна работа, но и на индивидуалниот кариерен развој. 

Препознавајќи го пулсот на модерните ИТ и дигитални маркетинг индустрии, Бреинстер (Brainster) постојано напредува и неуморно ги усогласува своите образовни програми со најновите трендови. Овој пристап ја зацврсти позицијата на Бреинстер, не само како омилена образовна институција, туку како сигурно место за кариерен развој и на нејзините вработени, професори и инструктори. 

Сакајќи да дознаеме што е она што ги издвојува како работна средина Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот, разговаравме со повеќе вработени и соработници. Она што ги спојува сите се вредностите што се однесуваат на постојан раст и надоградување, стекнување поголемо искуство, флексибилно работно време, тимска работа… 

Како изгледа работата во оваа енергична област и средина, ни откриваат дел од вработените и инструкторите кои го споделија нивното искуство и предностите од работата во една од најнапредните EdTech организации во Македонија која во моментов е во потрага по нови вработени и соработници.

Од студент до вработен – Бреинстер нуди огромна квалитативна предност во учењето 

Постои нераскинлива врска помеѓу Бреинстер и неговите студенти. Како образовна организација, тие не се грижат само за подготвување на кадри што ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот, туку и на нивните внатрешни потреби. Или појаснето, низ изминатите осум години од основањето на Бреинстер досега, многу од студентите добиле шанса да застанат од другата страна – како дел од тимот на некоја од академиите на Бреинстер. Такво е искуството на Љубица Атанасова

„Моето Бреинстер патување започна како студентка во март 2020 година на Академијата за дигитален маркетинг. Само што ја завршив Академијата, започнав со пракса во октомври 2020 во маркетинг тимот и по 3 месеци се вработив во Бреинстер“, вели Љубица и додава дека не запира со градење на својата кариера и неодамна ја завршила и Академијата за графички дизајн.

Александар Анастасов, пак, покрај меѓународното работно искуство, е и алумни студент на Академијата за Data Science. Тој како сегашен инструктор на оваа академија, упатува совет до идните студенти, бидејќи како што вели и самот го поминал тој пат.  

„Самата програма нуди обемен и квалитетен материјал за времетраењето за којашто е предвидена. Понатаму, начинот на организација, комуникација и достапност на целиот тим на Бреинстер е секако огромна квалитативна предност која на студентите им дава поголема сигурност и голема поддршка во текот на студирањето, но и подоцна при нивното вработување“, вели Александар.

Учењето, но и работата во Бреинстер е неспоредлива со многу од методите и условите што се нудат на други места во нашата држава, смета Александар Поповски, инструктор на Академијата за графички дизајн. 

„Со Бреинстер соработувам од 2021 година и како студент кој доаѓа од друга академија и факултет морам да признаам дека Бреинстер се издвојува во начинот на кој го пренесува знаењето на студентите и шансите што ги нуди – хакатони и работа на реални проекти“, вели Поповски. 

Менаџментот има доверба во своите вработени и го почитува мислењето на сите. 

„Одлуките што се носат се базираат на резултати и конкретни податоци, наместо само врз основа на ставот на менаџментот за одредено прашање. Респонзивноста кон други мислења и немањето страв за правење на промени во структурата на компанијата придонесуваат за раст и развој, и на вработените и на компанијата“, смета Петар Трендафилов кој работи во тимот за финансии повеќе од една година. 


Работата со реални клиенти овозможува практична употреба на стекнатото знаење

Учењето во Бреинстер претставува одличен спој на теоретско и практично знаење, врвни инструктори, практични проекти, и можности за надоградба, вели Горјан Поповски инструктор на Академијата за Data Science.

„Бреинстер е ориентиран на образовното искуство за секој студент обезбедувајки практична примена на знаењата преку реални проекти. Дополнително, разликата е што во Бреинстер се негува критичко размислување, креативност и вештини за решавање проблеми што е клучно како култура која се обидуваме да ја промовираме“, вели Маја Лазаревска која работи како грант специалист.  

Тоа го потврдува и Симона Ставреска Саздовска, која работи како помлад графички дизајнер во Бреинстер, а образованието исто така го има стекнато таму. 

„Можноста да се учи од едни од најдобрите експерти во својата област, реалните проекти и хакатоните на кои се добива практично искуство, кое е многу важно во понатамошниот процес, беа клучни за да се стекнам со искуство за работа“, вели Симона.

Од аспект на тоа зошто еден студент треба да посети академија на Бреинстер и која е додадената вредност во споредба со останатите образовни програми на пазарот, Павел Петрушевски, инструктор на Академијата за Front-end програмирање вели:

„Прво, дисциплината која самата академија ја претпоставува, ја очекува од студентите и ја наложува за успешно совладување на материјалите. Понатаму, големиот број на можности за практична примена на она што се совладува, преку задачи, предизвици, проекти, хакатони итн., и секако достапноста на искусниот тим од инструктори и останатите вработени што ги поддржуваат студентите во текот на целата академија, а и после неа“.

После академијата, всушност значи дека Бреинстер помага и посредува и при вработување на студентите, преку препорака кај hiring партнерите, додава Симона.

Џанета Ибровиќ, иако само шест месеци е инструкторка на Академијата за Front-End програмирање, покрај стручното образование, таа на студентите им пренесува и техники за подобро совладување на материјалот бидејќи доаѓа од сферата на психологијата која била нејзината прва љубов. 

„Секогаш психологијата ја внесувам како „зачин“ и мислам дека позитивно влијае на нивниот напредок и успех. Она што ги советувам е дека единственото нешто што треба да го направат студентите е да бидат сигурни во својата одлука и желба за нов кариерен почеток. За останатото знам дека Бреинстер го има подготвено теренот за идните успешни приказни“, вели Џанета.

Посветеноста на тимот на Бреинстер за колективниот успех е несебичен и резултира не само со голем број на вработени што се задоволни од условите за работа, туку и со голем интерес за студирање на програмите и академииите на Бреинстер. Токму оваа година Бреинстер очекува да прими рекорден број на студенти со што уште еднаш го потврдува своето реноме на организација што нуди квалитетно образование за иднината.  

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...