Од стартап, со само еден вработен и седум инструктори, но со силна желба и јасна визија да го создаде образованието за иднината, денес, осум години подоцна, Бреинстер веќе се позиционираше како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години и мрежа од повеќе од 11.500 алумни, повеќе од 70 вработени и над 150 инструктори и професори.
Ова укажува дека студентите стекнуваат сè поголема доверба во програмите на Бреинстер, а од компанијата велат дека овој рапиден раст за нив претставува уште поголема мотивација за иновирање, растење и создавање нови успешни приказни.
Го споделуваме видеото со дел од најзначајните моменти на Бреинстер заедницата, посакувајќи им среќен роденден и уште многу успешни приказни во обликувањето на иднината на образованието!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.