За програмата, развојот и бенефитите, разговараме со Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија, Деспина Ралевска, Talent & Engagement Specialist во А1 Македонија и Иван Роглиќ, Learning and Skills Expert во А1 Македонија за развој и ангажираност на вработените
Што претставува А1 WayUp и за кого е наменетa програмата?
Програмата е вистинска можност за младите кои се на крај од своите студии или кои завршиле и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Се работи за платена пракса во времетрање од 6 месеци кадешто практикантите работат со полно работно време и конкретни работни задачи. Оваа година младите таленти имаа можност да се пријават и да ја градат својата кариера во следните области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
Каков е процесот на селекција и регрутација на млади таленти дел од A1 WayUp?
Перидот на аплицирање започнува во летниот период и трае еден месец, а секој заинтересиран може да аплицира преку пополнување на апликација за една или повеќе отворени позиции со испраќање на кратка биографија преку кариерната страна на А1 Македонија. Не го исклучуваме и проактивниот пристап на интерес и аплицирање при кој секој кој пројавува интерес за одредена позиција да може лично да стапи во комуникација со тимот за регрутација и да ги добие сите потребни информации поврзани со процесот. Процесот на селекција се врши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите а поврзано со потребите на позициите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристи, а одбраните кандидати се повикани на финално интерву за детално запознавање со сите услови на работа.
Она на кое сме најмногу горди како компанија е препознатливоста на програмата од година во година, такашто оваа година имавме 64% повеќе апликации од минатата што нескромно можеме да кажеме дека сме посакуван работодавач за младите таленти – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
Што го прави А1 WayUp уникатен во споредба со другите практикантски програми?
Додека работат на проекти, практикатите добиваат целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, практикантите имаат можност да се надоградуваат преку обуки за важни деловни вештини кои им се потребни во секојдневната работа – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
Каква предност имаат практикантите од програмата A1 WayUp?
Практикантите добиваат непроценливо практично искуство, менторство од врвни експерти и можност да работат на вистински проекти по најнови трендови. На почетокот, фокусот е на совладување на формално знаење од подрачјата, а потоа следува практична работа на конкретни примери. Во текот на практикантството сите добиваат еднаква можност да се приклучат на едукациите кои ги нуди А1 како компанија и да го надоградат своето знаење – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
Кажете ни повеќе за менторскиот аспект на A1 WayUp.
Секој практикант добива дедициран ментор кој е посветен експерт во својата област. Менторот обезбедува насоки, креира менторска програма и е тука за поддршка и кариерни совети низ целиот процес. Во самиот процес менторот е задолжен да обезбеди средина во која практикантот работи на задачи од кои има можност директно да го научи процесот и начинот на работа, како и примена на знаењето стекнато за време на обуките. Целта на менторството е со тек на време, практикантот да стекне поголема независност и можност самостојно да управува со своите проекти – истакна Деспина Ралевска, Talent & Engagement Specialist во А1 Македонија.
Можете ли да ни кажете повеќе за едукативниот аспект на практикантите кои се дел од A1 WayUp?
Практикантите во А1 Македонија покрај формалниот пристап и работата на реални проекти имаат можност дополнително да се надоградуваат и учат нови вештини, а ние како компанија создаваме услови за практична апликација на новите знаења на секое работно поле. Нашата програма Future Hub 2.0 е темелно разработена програма за развој и надградба, која е наменета да ги подготви новите колеги за тоа што ги очекува во иднина. Во склоп на програмата имаме палета на најразлични обуки во 3 главни подрачја. Покрај обуките во А1 имаме и дигитален пристап кон учењето преку истакнати онлајн платформи за учење како што се LinkedIn Learning, Udemy, Coursera итн. – истакна Иван Роглиќ, Learning and Skills Expert во А1 Македонија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.