Колумна на Цветанка Захова -HR Professional
Процесот на промена е борба меѓу самиот себеси, борба со потребата да останеме исти и потребата да се промениме. Со што се соочуваме?
Од една страна се бориме со психолошкиот момент, свесни сме дека промената ни е важна и неизбежна во процесот на развивање и континуираната работа на себе. Свесни сме дека моменталниот начин на однесување и функционирање е деструктивен, а потајно тежнееме да останеме исти. Овде започнува борбата, што би рекол Роберт Билбилов: во дилема сум, дали со срце или ум.mp3
Судир на личноста, непреспиени ноќи, непријатности и многу непријатности.
Носењето на битните и небитните одлуки во голема мера ни влијаат од општеството, од потребата за притопување со масата, како најдобро прилагодување на барањата и очекувања што средината и поодделните личности ги имаат од нас. Овие одлуки за нас се крајно деструктивни и приморани, но барем ги задоволуваме нереалните очекувања на непознатите 😉 Ова ни дава чувство на сигурност. Зона на комфорт, познати чувства, милион слични ситуации и предвидлив резултат. What’s not to like?!
Промената бара излез од комфортот и влез во нестабилна и неизвесна состојба каде настапува на сцена стресот, анксиозноста и сомнежот. Во оваа фаза имаме константна борба помеѓу потребата од самосаботажа и самосожалување, а преовладуваат силно изразени емоции на бес, немир и умор. Уморот се јавува како резултат на непрекинатото напорно работење на себе, прилагодувајќи се на средината и задоволувајќи сечии потреби, освен сопствените.
Промената е постојана борба. It’s you against you all the time.
Освестувањето е клучно за имплементирање на постепени промени. А зошто е важно? Затоа што со помош на освестувањето ја враќаме сопствената моќ, самостојно донесуваме одлуки и започнуваме да владееме со себе и своите чувства. Благодарејќи на оваа состојба, моменталната реалност, потенцијалните ризици и предизвици можеме да ги обликуваме и толкуваме на нов, за нас, непознат начин. Во оваа фаза, чувствуваме збунетост, а истовремено доминира чувството на гордост на самиот себеси и настапува на сцена чувството на спокој. Тотален мир. Дури и ноќе. На овој начин, свесно, изборувајќи се со самиот себеси ја преземаме одговорноста и улогата што ја играме при процесот на донесување на одлуки и владеење на нашите емоциите.
Till the next time.
За авторот:

Цветанка Захова -HR Professional.Магистер по правни науки и ексесивен гледач на серии.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.